Connect with us

Македонија

Денеска е Велики Четврток ден кога се бојадисуваат велигденските јајца, со што започнуваат велигденските празници

Media Press

Published

на

Велики четврток се наоѓа во средината на Страдалната седмица, која е полна со важни настани за спасението на човекот.

На Велики Четврток се бојадисуваат велигденските јајца. Јајцето кое е главно обележување на Велигден го симболизира гробот од кој што воскресна Исус Христос а црвента боја неговата  крв.  Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос Воскреснал.

Велики четврток се одбележува во знак на сеќавање на важни свети настани, Тајната вечера, на која Исус Христос ги измил нозете на своите Апостоли,покажувајки пример на братска љубов и смиреност, христовата молитва и предавството на Јуда. Кога светот спиел во своите домови, Спасителот ја водел последната битка со омразата, напуштеноста, осаменоста. Според обичајот пред изгрејсонце се бојадисуваат (вапцат) велигденските јајца и со првото јајце им се прави на децата црвено-бело за да бидат здрави.

Според верувањата на Велики Четврток или Чист четврток се чисти куќата, се става се на свое место, а останатите денови до и по Велигден не се чисти домот. Куќата се украсува со весели бои и цвеќе, празнично. Обичај е секој да се искапи на Велики Четврток со здравец-чувар на Вашето здравје. Се верувало дека на овој ден се прочистува водата и на секој му донесува убавина и здравје. За многу години Велики Четврток.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Резултатите од вчерашното тестирање на ученици беа негативни

Media Press

Published

на

Резултатите од вчерашното скрининг тестирање на 68 ученици од Скопје беа негативни, соопштува Министерството за здравство.

Предвидено е, како што информираа од Министерството за здравство и Министерството за образобание и наука, освен во овие две училишта, скрининг на учениците да се спроведе во уште седум средни училишта во Скопје.

Исто така, вчера беа тестирани и 258 други средношколци. Во Југоистокот тестирањето продолжува во општините Дојран и Конче.

Од Центарот за јавно здравје чии медицински лица ги земаат примероците од брис, велат дека станува збор за брзи скрининг тестови кои се слични како и тие што се земаат брисеви и за коронавирусот, но и за други бактериолошки заболување во носот и грлото. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на Ковид-19 меѓу учениците. Со податоците ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, информираат од Министерството за здравство.

Прочитај повеќе

Избори 2021

До ДИК досега се поднесени 13 приговори за постапката за гласање

Media Press

Published

на

До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите за локалните избори што се одржаа во неделата.

Според роковникот за изборни дејства, ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Четири приговори поднела Коалицијата предводена од СДСМ. Двата се однесуваат на две избирачки места во општина Јегуновце. Останатите приговири се за избирачко место во општина Ѓорче Петров и за избирачко место во општина Македонска Каменица.

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива има шест приговари, за избирачки места во општините Дебар, Шуто Оризари и Гостивар. Еден приговор се однесува на сумирање на резултатите за градоначалник на општина Гостивар и еден кој се однесува на сумирање на резултатите за членови на Совет на општина Гостивар.

Од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесени се три приговори, за избирачки места во општина Центар, во општина Долнени и во општина Сарај.

Два приговора се поднесени од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на прекршување на изборниот молк.

Државната изборна комисија дополнително ќе закаже седница за разгледување и одлучување по приговорите.

Прочитај повеќе

Македонија

Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите

Media Press

Published

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 113-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти.

Со овие измени и дополнувања ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите се укинува. Ограничувањето престанува да важи за отворените и затворените делови.

Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50% искористеност на капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

Прочитај повеќе