Connect with us

Струмица

По трет пат објавен оглас за распределување на 37 социјални станови во Струмица

Media Press

Објавено на

Министерството за транспорт и врски го објави огласот за распределување на 37 социјални станови во општина Струмица во станбенa зградa на улица „Ѓорѓи Василев“ бр. 44 во Струмица. Овој е трет оглас, откако претходните два беа поништени.

На огласот може да се пријавуваат деца без родители или родителска грижа – над 18 години, кои до својата 18-та година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на ромската заедница социјално загрозени (согласно „Стратегијата за Ромите на Република Македонија“) и самохрани родители со малолетни деца.

Заинтересираните граѓани целосниот оглас може да го погледнат на страницата на Министерството за транспорт и врски, каде има детален опис на потребните документи за конкурирање. Огласот трае до 4 јуни годинава.

Барање за добивање на стан под закуп може да поднесе лице државјанин на Република Македонија, со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и да биде без стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државата.

Потребната документација се доставуваат до  Mеѓуопштински центар за социјална работа – Струмица.

За лицата кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната потребна документација согласно објавениот оглас.

Инаку, изградбата на социјалната зграда во Струмица заврши во јануари 2019 година. Има вкупна површина од 1.800 метри квадратни со 41. Четири од становите веќе се поделени преку Министерството за труд и социјална политика на најранливи категории граѓани.

прикажи повеќе

Струмица

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

Media Press

Published

на

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА

Општина Струмица ги потсетува граѓаните, архитектите и сите заинтересирани учесници дека рокот за доставување идејни архитектонски решенија за реконструкција и урбан дизајн на Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ е продолжен.

Предлозите можат да се достават најдоцна до 15 декември 2026 година, до 12 часот, по пошта или лично во архивата на Општината, канцеларија бр. 20. Конкурсот е јавно достапен на Електронскиот систем за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk), каде заинтересираните можат да ја најдат целокупната документација.

Најдобрите идејни решенија ќе ги избира стручна жири-комисија.

Општина Струмица обезбеди парични награди во износ од 130.000 денари за првата, 60.000 денари за втората и 40.000 денари за третата награда.

Градскиот плоштад „Гоце Делчев“ последен пат беше целосно реконструиран во 2010 година. По повеќе од 15 години, Општината отвора нова можност за осмислување на неговиот изглед и содржина, со визија за поубав, пофункционален и попривлечен централен простор, место кое ќе одговори на потребите на граѓаните, ќе поттикнува дружење и ќе продолжи да биде срцето на јавниот и културниот живот во Струмица.

Со овој конкурс, Општина Струмица прави чекор кон ново урбано лице на градот, создадено со современи архитектонски идеи и визија за иднината.

Ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат и да го дадат својот придонес во обликувањето на новото лице на центарот на Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Media Press

Published

на

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година!

На денешната 18-та седница на Советот на Општина Струмица е усвоен Планот на програмите за развој за 2027 година, со кој се поставува основата за реализација на капиталните инвестиции во наредната година.

Усвоени беа и ребалансот на буџетот за 2026 година, извештајот за неговото извршување за третиот квартал, како и измените и дополнувањата на општинските програми.

Одговарајќи на советничките прашања, градоначалникот Петар Јанков ги образложи тековните и планираните проекти, финансиското работење и предизвиците со кои се соочува општината.

Општината постепено ја стабилизира финансиската состојба и создава услови за поинтензивна реализација на планираните активности.

На седницата се донесе и одлуки за унапредување на комуналните услуги, работењето на јавните претпријатија, урбанистичкото планирање и поддршка на граѓани на кои им е потребна парична помош.

,,Продолжуваме со одговорно управување, реално планирање и конкретни чекори за развој на Струмица“ – истакна градоначалникот Петар Јанков.

Прочитај повеќе

Струмица

Ново мултифункционално игралиште во Куклиш

Media Press

Published

на

НОВО ИГРАЛИШТЕ ЗА СПОРТОТ ВО КУКЛИШ: Завршена подлогата и поставени кошевите на новото мултифункционално игралиште

Љубителите на спортот и рекреацијата од населеното место Куклиш добиваат современо уреден спортски простор. Активностите за целосно уредување и модернизација на мултифункционалното спортско игралиште во ова населено место се во забрзана реализација, соопштија од Општина Струмица.

Според досегашните изведувачки работи, подлогата на игралиштето е успешно завршена, а веќе се монтирани и кошевите, со што проектот добива видлива завршна форма.

Проектот е замислен како мултифункционален спортски терен кој ќе овозможи практикување на повеќе спортови, со што ќе се создадат оптимални услови за спортски активности на младите, децата и сите рекреативци од Куклиш.

Оваа значајна инвестиција се реализира преку меѓусебна соработка и партнерство меѓу Општина Струмица и „Видеолотарија Касинос Австрија“. Овој заеднички потфат е дел од пошироката стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и рамномерен развој на условите за спорт и рекреација во сите населени места низ општината.

Прочитај повеќе