Connect with us

Богданци

Левица: Луксузирањето на грбот на народот мора да престане!

Avatar

Published

на

Политичката партија Левица со Реакција до јавноста за недомаќински потрошени општински пари од Буџетот на Општина Богданци, за угостителски услуги.

„Градоначалникот Шапов и општинската администрација само за календарска година 2020 ЗА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ И НАБАВКА НА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ за потребите на општината потрошиле ни повеќе ни помалку туку вкупно 335 000 ДЕНАРИ, или 5500 евра НАРОДНИ ПАРИ, додека ЈП Комунална чистота Богданци, 100 000 ДЕНАРИ, или 1700 евра!“ стои во Реакцијата до јавноста од ЛО Левица, Богданци.

„Вака се трошат народните пари од страна на градоначалникот Шапов, директорот на комуналното претпријатие Прочков и општинската администрација за ручеци, вечери , по рестораните и кафеаните низ Македонија .

Овие парични средства можеа да се искористат за да се помогне на одредени групи ранливи категории, да се санираат одредени проблеми низ општината но, нивниот избор беше дека треба да се потрошат на луксузирање и јадење на државна сметка.

Ова луксузирање на грбот на народот мора да престане. Ние како ЛО Левица Богданци сметаме дека вакви трошоци треба да бидат скратени до минимално ниво односно, да има јавен отчет за секое трошење за репрезентација на општината, за народот да знае дека овие средства не се злоупотребуваат туку се наменски потрошени за официјални средби и пречек на видни лица и гости од државата, бизнис секторот, образованието – кои индиректно или директно ќе придонесуваат за напредок на општината.

Овие ручеци од 300 до 500 евра се срам за градоначалникот и директорот на ЈП Комунална чистота. Избори се ближат и време е тие да си заминат!“ се вели во Реакцијата од ЛО Левица Богданци.

Целата објава, на следниот линк

Богданци

Oтворена нова подрачна канцеларија за социјални работи во Богданци, социјалните права поблиску до граѓаните

Avatar

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Општина Гевгелија, Васка Илиева официјално ја отворија подрачната канцеларија за социјални работи во Општина Богданци, која ќе функционира во состав на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Гевгелија.

Министерката Тренчевска во оваа прилика се осврна на заложбите на Владата за социјална правда, инклузивност и еднаков третман за сите граѓани.

„Отворањето на подрачната канцеларијата за социјални работи во Општина Богданци која ќе функционира при Центарот за социјални работи,  Гевгелија е потврда дека за нас сите граѓани се еднакви.  Од денеска, жителите на Општина Богданци заедно со останатите населени места добиваат можност на пристап до социјалните права и услуги во своето место на живеење,“ рече Тренчевска.

Тоа се 569 корисници на социјални права, 40 корисници на социјални услуги односно над 600 корисници на права и услуги од системот за социјална заштита од Богданци, Стојаково, Ѓавато и Селимлија. Овие граѓани повеќе нема да имаат потреба да патуваат до Гевгелија за остварување на правата и услугите од системот на социјална заштита.

Министерката Тренчевска изрази благодарност до Општина Богданци и градоначалникот Шапов за отстапувањето на просторот за канцеларија за социјални работи. Ова е потврда за слухот на локалната заедница за потребите на своите жители. 

Министерката Тренчевска истакна дека, грижата за сите граѓани беше поставена од почеток високо на агендата на оваа Влада и така продолжува.

„Социјалната реформа беше креирана во тој дух, да обезбеди достоинствен живот за оние граѓани кои поради разни причини не се можност да обезбедат самостојно доволно средства за живот и оние на кои поддршката им е неопходна, порача Тренчевска.

Прочитај повеќе

Богданци

Приведен криумчар на мигранти од Богданци

Avatar

Published

на

На 09.05.2023 во 08.15 часот кај Железничката станица Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар Југ го лишиле од слобода А.Г.(39) од Богданци. При преглед во патничкото возило „ауди“, кое го управувал со регистарски таблички од друго возило, пронајдени се 11 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.

Имено, претходно, тој бил забележан на регионален пат Демир Капија-Неготино, кај с.Тремник, но не застанал со возилото на даден знак од полициски службеник и се обидел да побегне, но набргу фил фатен и лишен од слобода. А.Г. бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Богданци

Вработените во Општина Богданци добиваат зголемени плати за 2806 денари

Avatar

Published

на

Денеска во просториите на Општина Богданци, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на синдикалната организација при Општина Богданци Силвана Узунова и градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов, потпишaа Анексот на Колективниот договор за вработените Општина Богданци, со кој вработените во општината ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата.

Со овој Анекс на Колективниот договор вработените во Општина Богданци, со платата за месец јули, ќе добијат усогласување во износ од 2.806,00 денари. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски искажа задоволство на конструктивниот дијалог кој го имавме со Градоначалникот Шапов, кој во овие тешки моменти изјнајде начин да ги усогласи платите на вработените, со што дополнително ќе ги мотивира уште по енергично и ефикасно да ги извршуваат своите работни задачи.


Прочитај повеќе