Connect with us

Богданци

Левица: Луксузирањето на грбот на народот мора да престане!

Media Press

Published

на

Политичката партија Левица со Реакција до јавноста за недомаќински потрошени општински пари од Буџетот на Општина Богданци, за угостителски услуги.

„Градоначалникот Шапов и општинската администрација само за календарска година 2020 ЗА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ И НАБАВКА НА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ за потребите на општината потрошиле ни повеќе ни помалку туку вкупно 335 000 ДЕНАРИ, или 5500 евра НАРОДНИ ПАРИ, додека ЈП Комунална чистота Богданци, 100 000 ДЕНАРИ, или 1700 евра!“ стои во Реакцијата до јавноста од ЛО Левица, Богданци.

„Вака се трошат народните пари од страна на градоначалникот Шапов, директорот на комуналното претпријатие Прочков и општинската администрација за ручеци, вечери , по рестораните и кафеаните низ Македонија .

Овие парични средства можеа да се искористат за да се помогне на одредени групи ранливи категории, да се санираат одредени проблеми низ општината но, нивниот избор беше дека треба да се потрошат на луксузирање и јадење на државна сметка.

Ова луксузирање на грбот на народот мора да престане. Ние како ЛО Левица Богданци сметаме дека вакви трошоци треба да бидат скратени до минимално ниво односно, да има јавен отчет за секое трошење за репрезентација на општината, за народот да знае дека овие средства не се злоупотребуваат туку се наменски потрошени за официјални средби и пречек на видни лица и гости од државата, бизнис секторот, образованието – кои индиректно или директно ќе придонесуваат за напредок на општината.

Овие ручеци од 300 до 500 евра се срам за градоначалникот и директорот на ЈП Комунална чистота. Избори се ближат и време е тие да си заминат!“ се вели во Реакцијата од ЛО Левица Богданци.

Целата објава, на следниот линк

Богданци

Вратени на работа отпуштените од „Бребо Екотекс“ Богданци, по реакцијата на Левица

Media Press

Published

на

 Откако Левица, Богданци прва излезе со официјално барање до надлежните институции да ги преземат сите дејствија за враќање на работниците и разоткривање на незаконското работење  и криминал, 70 работници кои беа отпуштени од Бребо Екотекс, се вратени на работа, велат од ЛО Левица, Богданци. 

„Се надеваме дека во иднина нема да има потреба секогаш да бидеме алармот кој ќе ги разбуди државните органи и синдикатите да реагираат. Имено ССМ реагираше во рок неполн од 24 часа откако Левица – Богданци излезе со РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТА и со Барање до надлежните институции да се преиспита работењето на горенаведеното претпријатие и прекршувањето на законските норми и отпуштање на 70 вработени.

Исто така сакаме да реагираме и до градоначалникот Шапов, наредниот пат да не излегува само на дебата кога е нужно и кога нема друг пат освен да се појави, туку рамо до рамо да застане со работниците уште од првиот ден кога се прекршени нивните права.

Градоначалникот Шапов и ССМ имаа време од 28.02.21 до 03.03.21 да реагираат но тоа не го сторија и го чекаа моментот да спласне ситуацијата, а работниците да се помират со добиените откази.

Ние ќе останеме будни и ќе ги следиме сите ваши постапки се до расветлување на сите незаконски дејствија кои се сторени“, стои во реакцијата од ЛО Левица, Богданци.

Прочитај повеќе

Богданци

Приведени три лица поради недозволена трговија со хероин

Media Press

Published

на

Две лица од Гевгелија и едно лице од Богданци биле приведени на 23 март во претпладневните часови на  крстосница „Богородица“ на регионалниот пат Гевгелија –Богданци.

Имено од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и Полициската станица Гевгелија биле лишени од слобода Н.М.(33) и И.М.(48), двајцата од Гевгелија и Ѓ.Т.(46) од Богданци.

Како што информираат од МВР, при контрола кај Н.М. и И.М. бил пронајден и одземен  хероин, кој претходно го набавиле во Богданци, додека по обезбедена судска наредба, при претрес на дом и помошни простории во Богданци, кои ги користи Ѓ.Т., биле пронајдени и одземени хероин, две дигитални ваги со остатоци од хероин, марихуана, 37 семки Canabis Sativa, пари за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од извршеното кривично дело, разни предмети со остатоци од хероин и средства за употреба на опојна дрога.

Прочитај повеќе

Богданци

Левица – Богданци: Со сериозен криминал се доприватизира некогашен „Елегант Богданци“

Media Press

Published

на

Политичката партија Левица – Богданци со Реакција до јавноста околу приватизирањето на некогашен „Елегант Богданци“

“Криминално приватизираната некогашна државна компанија Елегант во Богданци, подоцна преименувана во АД БРЕБОТЕКС, каде што 51 % од акциите се во сопственост на вработените а другите 49 % во сопственост на германски инвеститор, е при крајот на нејзино приватизирање и целосно превземање од страна на новопечените олигарси.

Токму поради ова, се случуваат и отпуштања на 70 работници, кои воедно и претходни акционери на АД БРЕБОТЕКС се изманипулирани од страна на новите раководни лица, кои ја водат сегашната текстилна фабрика со недостапни информации за сопствениците и назив на фирмата. Ова не’ наведува до го повикаме ЈО на Република Македонија и Управа за финансиска полиција, по допрен глас да ги преземе сите чекори за задоволување на правдата и расчистување со криминалот во горенаведениот правен субјект, се’ со цел, вработените, оние кои со години ја создаваа текстилната фабрика, си ги повратат работните места и бидат обештетени како за акционерските удели, така и за добиените откази од непознатиот сопственик, инаку локално познат, кој раководи со АД БРЕБОТЕКС или ЕКOБРEБОТЕКС.

Локалниот огранок на Левица – Богданци има сознанија за сторен сериозен криминал и корупција, продолжуваме да истражуваме и да ве поддржиме со секаква правна помош, вие кои ги загубивте своите работни места“, се вели во Реакцијата на Левица – Богданци.

Прочитај повеќе