Connect with us

Радовиш

Изградено повеќенаменско спортско игралиште во Подареш, Општина Радовиш, за потребите на младите

Media Press

Published

на

Во завршна фаза е изградбата  на повеќенаменското спортско игралиште во Подареш, кое го гради Општина Радовиш, за потребите на младите.

Деновиве заврши асфалтирањето и како што најавува градоначалникот Герасим Конзулов, истото ќе биде пуштено во употреба на големиот верски празник Ѓурѓовден. Со изградбата на овој спортски терен се подобруват условите за младите во Подареш да имаат каде да се рекреираат и да спортуваат.

„Општина Радовиш во континуитет вложува и ќе продолжи да вложува, за подобри услови за живеење на сите граѓаните, како во градот така и во населените места. Во фаза на подготовка е проектна документација за многу други проекти кои ќе бидат реализирани во наредниот период“, вели градоначалникот Конзулов.

Радовиш

Со положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите бранители, ПС Радовиш го одбележа 7-ми Мај Денот на Македонската полиција

Media Press

Published

на

На скромен начин  со положување на свежо цвеќе денеска беше одбележан 7-ми Мај Денот на Македонската полиција, од страна на полициската станица во Радовиш.    

Денот на Македонската полиција од името на Полициска станица Радовиш  го честита началникот на  ОВР Радовиш Спасо Трајков.

На Споменикот на загинатите бранители, во дворот на полицискитата станица свежо цвеќе положија; Делегација предводена од началникот на СВР Струмица , делегација предводена од началникот на ОВР Радовиш Спасо Трајков, Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, Заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов, претставници од семејствата на загинатите бранители, командирот на Полициска станица Радовиш Борче Крстев и претставници од Македонскиот полициски синдикат.

Во рамките на одбележувањето на денот Македонската полиција беше спроведена и  превентивна активност со делење заштитни маски на граѓани од страна на полициски службеници во центарот на Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со честитка по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција

Media Press

Published

на

Честитка до сите припаднците на македонската полиција по повод денешниот празник упати градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

„Ви пожелувам професионален и личен успех и воедно би сакал да Ви се заблагодарам од името на Општина Радовиш за професионалноста во работењето и заштитата на граѓаните и темелните општествени вредности“, стои во честитката од градоначалникот Конзулов.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршен голем комунален проект во Јаргулица, Општина Радовиш

Media Press

Published

на

„По завршувањето на градежните работи, селото Јаргулица доби нов изглед а жителите уреден пристап до своите домови“, вели градоначалникот  на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

Со овој проект како што наведува градоначалникот Конзулов, изградени се три нови улици а со тоа е уреден пристапот до околу 1/3 од домовите во селото.

За првпат изградена е нова фекална канализација, а изведен е и зафат за регулација на реката и пороите.

Конзулов најавува продолжување на пролетната градежна офанзива!

Прочитај повеќе