Македонија
Од први мај се воведува нова услуга за електронски упис на првачињата
Објавено на
Од
Media PressОд први мај електронски упис на првачињата. Преку порталот uslugi.gov.mk родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето. Новата дигитална услуга ја промовираше министерката за образование и наука Мила Царовска.
Според неа уписот ќе го направат со прикачување на сите потребни документи и откако тој административен процес ќе се заврши имаат само една посета во училиштето на средба со педагогот и проценка и понатамошно започнување на процесот на образование на еден ученик.
Услугата за електронски упис на првачиња како што рече Царовска е големо олеснување и за администраторите во училиштата, бидејќи наместо нив, податоците за секој запишан ученик се внесуваат автоматски во системот на министерството каде се води евиденција за сите училишта во државата. За користење на алатката од страна на училиштата, предвидени се соодветни обуки за вработенит кои се во тек.
За оние родители кои поради било каква причина немаат можност да ја искористат оваа електронска услуга, останува можноста за пријавување на првачињата за упис и со физичка достава на документи во училиштето.
Процесот на дигитализација на услугите во образованието е поддржан од Центарот за управување со промени, Владата на Обединетото Кралство, Британската амбасада во Скопје и Министерството за информатичко општество и администрација.
Поврзани содржини

Срдечно беа пречекани првачињата во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, Радовиш, кои за прв пат седнаа во училишните клупи

Околу 250 првачиња во Општина Радовиш, денеска ја започнаа новата учебна година

Општина Радовиш им додели подарок – училишна опрема на сите првачиња, за среќен почеток на учебната година

Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче

Градоначалникот Ристов им посака среќа на сите ученици од ООУ,, Гоце Делчев” во Конче во новата учебна година

Со програма за пречек на првачињата започна новата учебна година во ООУ Крсте Петков Мисирков, Радовиш

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

