Connect with us

Радовиш

Назначен службеник за млади во ЕЛС Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Согласно Законот за младинско учество и младински политики за назначување на лице одговорно за работењето на Канцеларијата за млади за координирање, спроведување и следење на прашања од интерес на младите во делокругот на надлежностите на институцијата, ЕЛС Општина Радовиш го назнчи  Душан Хаџи-Василев за службеник за млади.

Душан Хаџи-Василев е вработен во Општина Радовиш на работно место со звање-Соработник за одржување на информатички систем, а откако е  назначен за службеник за млади, ќе  извршува неколку  работни задачи и обврски како развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики;

-подршка на работата на локалната самоуправа ,локалниот младински  совет ,неговите членови, спроведувањето на неговата програма,известување и транспарентност;

-одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите;

-следење на потребите на младите преку обезбедување истражувања за потребите на општината, консултации со млади и следење и информирање за анализи и истражувања за трендовите кај младите;

-обезбедување информации и информирање на младите;

-водење на база на податоци за разни младински активности, активни форми на младинско здружување и неформални младински групи за потребите на Истражувачкиот центар на Агенцијата за млади и спорт;

-редовна комуникација со Агенцијата за млади и спорт;

-да биде контакт за сите младински прашања на локалната самоуправа кон младите и јавноста; и

-службеникот за млади е одговорен за работата на Канцеларијата за млади.

Радовиш

Со положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите бранители, ПС Радовиш го одбележа 7-ми Мај Денот на Македонската полиција

Media Press

Published

на

На скромен начин  со положување на свежо цвеќе денеска беше одбележан 7-ми Мај Денот на Македонската полиција, од страна на полициската станица во Радовиш.    

Денот на Македонската полиција од името на Полициска станица Радовиш  го честита началникот на  ОВР Радовиш Спасо Трајков.

На Споменикот на загинатите бранители, во дворот на полицискитата станица свежо цвеќе положија; Делегација предводена од началникот на СВР Струмица , делегација предводена од началникот на ОВР Радовиш Спасо Трајков, Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, Заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов, претставници од семејствата на загинатите бранители, командирот на Полициска станица Радовиш Борче Крстев и претставници од Македонскиот полициски синдикат.

Во рамките на одбележувањето на денот Македонската полиција беше спроведена и  превентивна активност со делење заштитни маски на граѓани од страна на полициски службеници во центарот на Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со честитка по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција

Media Press

Published

на

Честитка до сите припаднците на македонската полиција по повод денешниот празник упати градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

„Ви пожелувам професионален и личен успех и воедно би сакал да Ви се заблагодарам од името на Општина Радовиш за професионалноста во работењето и заштитата на граѓаните и темелните општествени вредности“, стои во честитката од градоначалникот Конзулов.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршен голем комунален проект во Јаргулица, Општина Радовиш

Media Press

Published

на

„По завршувањето на градежните работи, селото Јаргулица доби нов изглед а жителите уреден пристап до своите домови“, вели градоначалникот  на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

Со овој проект како што наведува градоначалникот Конзулов, изградени се три нови улици а со тоа е уреден пристапот до околу 1/3 од домовите во селото.

За првпат изградена е нова фекална канализација, а изведен е и зафат за регулација на реката и пороите.

Конзулов најавува продолжување на пролетната градежна офанзива!

Прочитај повеќе