Connect with us

Радовиш

15 радовишани биле казнети за неносење заштитна маска во текот на изминатото деноноќие

Media Press

Published

на

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (20.04/21.04.2021), по однос на задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 32 лица не ја почитувалe, од кои 15 во Радовиш, 11 во Гевгелија, 4 во Струмица и 2 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки. Во истиот период две лица(по едно во Гевгелија и Струмица ) не ја почитувале забраната за движење, соопштува СВР Струмица.

Радовиш

Обновен е коловозот кај с.Покрајчево од мостот на Радовишка река кон регионалниот пат

Media Press

Published

на

Обновен е коловозот кај с.Покрајчево од мостот на Радовишка река кон регионалниот пат, информира Општина Радовиш.

„Коловозот кој беше оштетуван во поплавите 2008, 2013 и 2015 година е од големо значење за жителите на селото и граѓаните кои гравитираат во овој крај. Решивме уште еден проблем кој беше заборавен со години“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Воедно во овој период се врши и тековно  санираање на ударните дупки на патот Радовиш-Али Коч-Коџалија.

Прочитај повеќе

Радовиш

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Струмица, во близина на клучка за село Воиславци

Media Press

Published

на

Вчера околу 21.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, во близина на клучка за с.Воиславци, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „волво“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.В.(72) од Струмица и трактор ,,ИМТ 533“, без регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(54) од с.Сулдурци.

Во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Организирано чествување и одбележување на стрелањето на дедо Дане на Плачковица

Media Press

Published

на

Општинскиот одбор на СБМ и нивните продолжувачи на општините Радовиш и Конче-Радовиш, организира чествување и одбележување на стрелањето на дедо Дане на Плачковица.

По тој повод, на 07 Јули 2021 година (среда) се организираат следните активности:

  • Полагање на свежо цвеќе на споменикот на дедо Дане и споменикот на првиот партизански одред на Плачковица. Делегација на Одборот и делегации на соседните општини.
  • Превоз на членовите од Радовиш до споменикот на Плачковица и назад – Цена 120 денари.
    – Тргнување од Радовиш во 10:00 часот,
    – Враќање од Плачковица во 13:00 часот.
  • Дружење и заеднички ручек во ресторант Рио по враќањето од Плачковица со следното мени:
    – 2 (две) пилешки или една плескавица, гарнирано со пире и грашок, мешана салата и 1 (еден) пијалок по избор (пиво, ракија, вино) – Цена 200 денари по особа
    * За ручек може да се пријават и членови кои не се во можност да присуствуваат на церемонијата кај споменикот на Плачковица

Пријавувањето е до 05.07.2021 година

Цената на превозот за членовите од општина Конче е 200 денари, заради релацијата Конче – Радовиш

НАПОМЕНА:
Уплата на членарината во износ од 150 денари за членовите кои ја немаат уплатено може да се изврши на 07.07.2021 година

Прочитај повеќе