Connect with us

Македонија

Според Царовска, родителот кој смета дека неговото дете нема да може да учи електорнски ќе може да си го испечати учебникот

Media Press

Published

на

Новиот Закон за учебници ќе обезбеди квалитетни материјали за учење, а воедно нуди и комбиниран модел на примена на печатени и електронски учебници, согласно потребите и можностите на учениците и семејствата. Секој ќе може да одбере на кој начин да учи. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во однос на учебниците.

Дигиталните учебници ќе се воведуваат сукцесивно, наредната учебна година само во четврто одделение, сите останати одделенија продолжуваат како досега. Законот за учебници нуди комбиниран модел на употреба, и на печатени и на дигитални учебници. Првпат ќе се види што значат тие за олеснување на работата и на наставниците, и на учениците, изјави Царовска.

„Моделот што го нудиме е комбиниран, секој ќе може да избере на кој начин ќе учи. Ќе се види бенефитот на дигиталниот учебник, тоа не е учебникот што до вчера го имавме со милијарда факти внатре и само напишан и ставен во ПДФ. Концептот на учење е таму да има примери, насочувања кон истражувања. Секој родител кој смета дека нема да може неговото дете да учи електронски ќе може да си го испечати учебникот и нема да има проблем училиштето – таму каде што има недостиг на финансии во семејството, а таму ќе треба да се обезбедат и електронски уреди од страна на училиштето, додаде Царовска.

Министерката појасни дека законот нуди комбиниран модел на примена на електронски и печатени учебници согласно позитивните практики во земји како Хрватска, Словенија и Естонија и дека истиот ќе се воведува сукцесивно. Учениците од прво до трето одделение и натаму ќе добиваат учебници во хартиена форма, додека во новата учебна година само учениците од четврто одделение покрај можноста за хартиени, ќе добијат и дигитална верзија на учебниците. Дополнително, како што посочи министерката сите учебници ќе бидат понудени и во аудио формат, додека за учениците со оштетен вид ќе бидат печатени на Брајово писмо.

На прашањето дали употребата на дигиталните учебници ќе влијае негативно на здравјето на учениците, Царовска рече дека сите треба да се запрашаме колку време нашите деца поминуваат непродуктивно во следење на социјални мрежи, на свои смарт телефони, без да имаат инсталирано било какви едукативни елементи и алатки и истите да ги применуваат.

Министерката информираше и дека подготовките за примена на новите наставни програми за прво одделение се започнати пред извесно време во соработка со локалните самоуправи и училиштата.

„Веднаш откако се донесе наставната програма за прво одделение, сите училишта беа известени што е потребно за започнување на наставата наредна година и до 15ти јуни треба да ги имаат обезбедено ресурсите потребни за секоја училница. Учебниците се печатени и треба да им бидат доставени. За 4то одделение штом ќе биде подготвена програмата, училиштата повторно ќе бидат известени што е потребно да имаат за реализација “, рече министерката.

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе

Македонија

Милошоски: И овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Media Press

Published

на

„Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јан-јули 2022 година“, напиша Антонио Милошоски на социјалните мрежи.

„Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, додава Милошоски.

Тој информира дека во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност успеал да поразговара со: Седрик Перин (Франција), Ине Сериде (Норвешка), Јан Фарски (Чешка Република), Моника Грегорчич (Словенија), Мими Кодели (Албанија) и Аудронис Азубалис (Литванија), на теми од билатерален интерес, како и за дискусиите во Брисел поврзани со процесот на европските интеграции.

Прочитај повеќе

Македонија

ДЕНЕСКА Е 29 НОЕМВРИ, обичен ден а некогаш голем национален празник

Media Press

Published

на

  Историски, 29 ноември ја означува годишнината од Второто заседание на АВНОЈ, кога во Јајце, 1943 година беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а понатаму во животот се славеше во вистинска свечена атмосфера, со изобилство храна и пијалоци, свечени академии, и се разбира… неработни денови.

По завршувањето на војната, на двегодишнината од заседанието во Јајце, на 29 ноември 1945 година, дотогашната Демократска Федеративна Република Југославија е преименувана во Федеративна Народна Република Југославија. На состанокот во Јајце беше одлучено дека „Југославија ќе се изгради во демократска, федерална заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада во егзил ѝ беше забрането да се врати во земјата.
Оттогаш, 29 ноември се чествуваше како Денот на републиката и тоа беше еден од најголемите празници во некогашната СФРЈ.

Последен пат овој празник е прославен во Србија, во 2001 година, а Сојузното собрание на тогашната СРЈ го укинала со закон во ноември 2002.

Овој ден буди многу сеќавања и носталгични чувства кај многумина што ги живееле тие времиња. Песната „29 Ноември“ нема некој од постарите генерации да не ја рецитирал, а многумина сеуште ја паметат.

„Републико мила топло гнездо мое, го славиме денес раѓањето твое. Вечно да се млада најсреќна во цел свет, Републико мила мајски китен цвет“.

Првачињата на тој ден стануваа Титови пионери. Во училиштата полагаа заклетва со задолжителни приредби и читање состави на темата „Зошто го сакам другарот Тито. Секој пионер добиваше сина капа (титовка), црвена марама и црвена пионерска книшка.

Свечената пионерска заклетва беше:

„Денес, кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор
дека вредно ќе учам и работам
и ќе бидам верен и добар другар.

Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија,
дека ќе ги развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито.
Дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
што сакаат слобода и мир!“

 

Прочитај повеќе