Connect with us

Македонија

Левица поднесе пријави до ДСЗИ и ОЈО Скопје против пратениците кои се појавија во собранието со скафандери и спикерот Џафери

Media Press

Published

на

Политичката партија Левица објави на фејсбук дека пратеници во Собранието на Република Македонија Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат и кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против пратениците Бисера Костадинова-Стојчевска од Битола и Мирослав Богдановски од Скопје за прекршување на мерката строга изолација против претседателот на Собранието – Талат Џафери.

„Тројцата се теретат дека, со умисла и по претходна меѓусебна координација, сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (казниво по чл. 206 од Кривичниот законик), како и обид за „Пренесување на заразна болест“ (чл. 205 од КЗ) врз останатите пратеници, со елементи на тешки дела против здравјето на луѓето.

Дополнително, со таквото свое дејствие, предизвикале став и несигурност кај пратениците и кај јавноста, но воедно го довеле во прашање животот и здравјето на народните избраници и на нивните семејства, а со тоа и нормалното функционирање на институцијата Собрание на РМ – како централен државен орган и единствен уставен носител на законодавната власт во Републиката. Сето ова го договарал и знаел и собранискиот спикер – третопријавениот Џафери, но истиот не само што не сторил ништо за да го спречи, како најповикано одговорно службено лице со дадени овластувања со Законот за Собранието на РМ и со Деловникот на Собранието на РМ, туку истиот и го организирал овој опасен биохазарден експеримент, кој може да го парализира нормалното работење на законодавниот дом во целина.“ – стои во соопштението

Македонија

Бројот на новозаболени забрзано расте, денеска 164 нови случаи на Ковид-19

Media Press

Published

на

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.

Пријавени се три починати лица : две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови во Југоистокот е следна:
Струмица 4150, Активни 21
Гевгелија 2197, Активни 2
Радовиш 1165, Активни 4
Валандово 674, Активни 7
Богданци 494, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Share

Прочитај повеќе

Македонија

Од септември само електронски дневници во училиштата, печатените остануваат во минатото

Media Press

Published

на

Според соопштението од Бирото за развој на образованието, од септември наставниците веќе ќе немаат обврска податоците и оценките за учениците да ги внесуваат и во печатен и во електронски дневник. Од новата учебна година во основното и средното образование во употреба ќе бидат само електронските.

Електронската евиденција ќе ја водат околу 25.000 наставници и професори. Како што се прави со хартиените дневници, во електронските тие ќе треба да ги внесуваат оценките на учениците, но и изостаноците и другите активности.

Како што соопштуваат од Бирото за развој на образованието, наставниците извесно време барале да бидат ослободени од водење двојна евиденција, и во хартиените дневници и во електронските.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонија во портокалова фаза, работодавачите да ги почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран

Media Press

Published

на

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните два дена, среда 04 август и четврток 05 август, велат од Министерството за труд и социјална политика од каде потенцираат дека поради тоа треба да се почитуваат општите мерки..

Општите мерки предвидуваат ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачи на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, велат од МТСП.

Прочитај повеќе