Connect with us

Македонија

200.000 дози кинески вакцини се очекува да пристигнат на 28 април, во тек е вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Media Press

Published

на

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиуми информираше за текот на вакцинацијата во А1 арената „Борис Трајковски“, каде во моментов се одвива вакцинација на граѓани помлади од 75 години.

„Салата Борис Трајковски продолжува да работи како четврти пункт за вакцинација во Скопје и сите граѓани кои уште на почеток беа пријавени, а се на возраст под 75 години, односно 73 и 74 години ќе се вакцинираат тука во салата во следните денови. Вакцинацијата ќе биде со вакцините кои ни се на располагање. Спутник В тоа што останаа по завршување на вакцинирањето на критичната инфраструктура, дел од вакцините на Астра Зенека и донацијата од на ОАЕ а тоа е кинеската вакцина. Направен е распоредот, нешто поразвлечен заради тоа што сепак станува збор за постари граѓани, некои од нив доаѓаат со придружба, а согласно динамиката како ќе се одвива ќе се прави распоредот и за следните денови. Добро се одвива целокупниот процес на вакцинација и во салата Борис Трајковски, а и ширум пунктовите во државата“, рече министерот Филипче.

Потврден е и точниот датум на пристигнување на кинеските вакцини во количина од 200.000 дози и истите се очекува да ги добиеме на 28 април со што ќе се забрза динамиката на вакцинацијата и со истите ќе се опфати и поголема група граѓани.

-Следните вакцини на почеток на следната недела ги очекуваме од на компанијата Фајзер, според најавата на 19 април, 10.000 вакцини, на 26-ти уште 10.000 и има потврдата од кинеската амбасада дека кинеските вакцини треба да ги очекуваме околу 28-ми април, посочи изјави министерот.

Што се однесува до состојбата во болниците, тој посочи дека после оној мини пик, како што беше  голем притисокот на почеток на неделата, бројките сега се мали.-

„Вкупниот број новодијагностицирани повторно бележи пад, тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје, така и ширум државата. Тој притисок што го имаше претходно го нема. Се уште има пријави и се уште сме внимателни заради тоа што има голем број дијагностицирани пациенти на кои може да им затреба болнички третман меѓутоа не е таква бројката на приеми каква што беше пред една недела. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и дека дефинитивно ова се знаци дека и овој бран стивнува“, посочи министерот Филипче.

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе

Македонија

Милошоски: И овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Media Press

Published

на

„Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јан-јули 2022 година“, напиша Антонио Милошоски на социјалните мрежи.

„Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, додава Милошоски.

Тој информира дека во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност успеал да поразговара со: Седрик Перин (Франција), Ине Сериде (Норвешка), Јан Фарски (Чешка Република), Моника Грегорчич (Словенија), Мими Кодели (Албанија) и Аудронис Азубалис (Литванија), на теми од билатерален интерес, како и за дискусиите во Брисел поврзани со процесот на европските интеграции.

Прочитај повеќе

Македонија

ДЕНЕСКА Е 29 НОЕМВРИ, обичен ден а некогаш голем национален празник

Media Press

Published

на

  Историски, 29 ноември ја означува годишнината од Второто заседание на АВНОЈ, кога во Јајце, 1943 година беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а понатаму во животот се славеше во вистинска свечена атмосфера, со изобилство храна и пијалоци, свечени академии, и се разбира… неработни денови.

По завршувањето на војната, на двегодишнината од заседанието во Јајце, на 29 ноември 1945 година, дотогашната Демократска Федеративна Република Југославија е преименувана во Федеративна Народна Република Југославија. На состанокот во Јајце беше одлучено дека „Југославија ќе се изгради во демократска, федерална заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада во егзил ѝ беше забрането да се врати во земјата.
Оттогаш, 29 ноември се чествуваше како Денот на републиката и тоа беше еден од најголемите празници во некогашната СФРЈ.

Последен пат овој празник е прославен во Србија, во 2001 година, а Сојузното собрание на тогашната СРЈ го укинала со закон во ноември 2002.

Овој ден буди многу сеќавања и носталгични чувства кај многумина што ги живееле тие времиња. Песната „29 Ноември“ нема некој од постарите генерации да не ја рецитирал, а многумина сеуште ја паметат.

„Републико мила топло гнездо мое, го славиме денес раѓањето твое. Вечно да се млада најсреќна во цел свет, Републико мила мајски китен цвет“.

Првачињата на тој ден стануваа Титови пионери. Во училиштата полагаа заклетва со задолжителни приредби и читање состави на темата „Зошто го сакам другарот Тито. Секој пионер добиваше сина капа (титовка), црвена марама и црвена пионерска книшка.

Свечената пионерска заклетва беше:

„Денес, кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор
дека вредно ќе учам и работам
и ќе бидам верен и добар другар.

Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија,
дека ќе ги развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито.
Дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
што сакаат слобода и мир!“

 

Прочитај повеќе