Радовиш

Васил Гарванлиев ги поддржа идните генерации музичари и љубители на уметноста во стипендиската програма на Солвеј

Македонските учесници во @creative.fellowship програмата во стипендиската програма на Солвеј, имаа неверојатна прилика да се запознаат со овогодишниот македонски претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев.

Минатата недела, во текот на виртуелното дружење, учесниците во @creative.fellowship програмата разговараа со нашиот евровизиски претставник за можностите и предизвиците што ги нуди уметничката кариера.  Васил, како што и пее во неговата “Here I Stand”, застана пред децата, ги прегрна и им ги одврза крилjата, споделувајќи го своето неверојатно искуство. Им даде инспирација и охрабрување на младите таленти да веруваат со себе, секогаш да бидат искрени и да продолжат да го негуваат и развиваат својот талент.

“Уживавме во разговорот и толку многу работи чувме и научивме од него. Да веруваме со себе, да работиме на себе и да го слушаме својот внатрешен глас. Ми даде мотивација за да си ги остварувам моите соништа,” сподели еден од учесниците на @creative.fellowship.

“Ми беше чест што можев да разговарам со младата генерација на таленти. Да го споделам со нив мојот живот, моето искуство и да им дадам совети од моето музичко патување, кое што трае веќе 28 години. Особено ми е драго што ги слушнав нивните приказни и идни планови, кои што ми потврдија дека омразата ќе ја надвладееме со љубов, позитивна енергија и музика,” изјави Васил.

Од разговорот, учесниците дознаа дека треба дека треба да се работи напорно и да не гледаат на препреките на патот како неуспеси, туку како мотив да го покажат она што го  умеат. Васил ја заврши Q&A сесијата со многу моќна порака: “Секој сон може да се оствари, ако се осмелиме искрено да веруваме во она што го посакуваме!”.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago