Connect with us

Радовиш

Утврден успехот на учениците во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш

Media Press

Published

на

Утврден успехот и поведението на  учениците во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш на крајот на првото тромесечје од второто полугодие.  Оценките на учениците се  формирани врз основа на тестирања и согледувања на наставникот во текот на реализација на онлајн наставата.

Според директорот на училиштетото Гоце Лазаров, успехот задоволува иако е понизок во споредба со годините кога се одвиваше наставата во нормални услови со физичко присуство.

„Вчера имавме класни совети каде што се утврди успехот на учениците. Според реферирањето на извештаите од класните раководители, дојдовме до заклучок дека успехот на учениците е сличен со оној во првото полугодие. Во некои класови е подобар во некои послаб. Друго е учењето со физичко присуство друго е онлајн“, вели Лазаров.

Инаку во СОУ Коста Сусинов во Радовиш сите ученици посетуваат настава онлајн поради веќе позната ситуација со корона вирусот, а само практичната настава се одвива со физичко присуство.

Во овој период во тек е и одбраната на проектните задачи на матурантите кои ги браната онлајн, по што ќе следува полагањето на матурските испити од државната матура. Годинава матурантите ќе полагаат два екстерни и два интерни испити.

Радовиш

Одиграна премиерата на претставата ,,Волшебникот и пријателите” во која беа вклучени и дел од лицата со попреченост

Media Press

Published

на

Успешно одиграна премиерата на претставата ,,Волшебникот и пријателите” Проект на Центар за култура ,, Ацо Караманов ” – Радовиш, подржан од Министерството за култура.

Станува збор за заеднички проект во соработка на група средношколци и дел од лицата со попреченост, корисниците на дневниот центар Порака од Радовиш. Средношколците се најдоа во улога на глумци аматери, некои од нив за прв пат стапнаа на сцена и го совладуваа својот страв / срам од јавен настап.

„Прв пат соработуваат и совладуваат активности заедно со лица со попреченост, штитеници од дневен центар. Преку заеничките проби често имаа прилика да се стават во “обувките на другиот” и од друга перспектива да ја градат менталната слика. Ова им помогна да создадат силни и искрени врски и да ја развијат емпатијата кон другиот до себе“, вели Изабела Ангелова директор на Центарот за култура Ацо Караманов која беше и корегораф на претставата.

Таа додадава дека децата изградиле однос полн со доверба кон средношколците, ги вклучиле во својот свет, горди дека се дел од една поголема слика.

 „Знаат дека истата ќе дојдат да ја видат и други луѓе, надвор од нивното вообичаено опкружување. Впечатокот кој го остава оваа аматерска театарска група е дека навистина секој може да оствори нешто повеќе од вообичаеното, само треба да му се даде шанса и да му се отвори просторот“, вели Ангелова, која додава дека  ќе треба да работиме на одржливост на позитивните искуства и практики, а ова е една од нив.

Прочитај повеќе

Радовиш

Советот на Општина Радовиш ја одржа втората седница на која беа формирани комисии

Media Press

Published

на

Советот на општина Радовиш денеска ја одржа втората  работна седница во салата за состаноци во зградата на општина Радовиш со почеток од 14.00 часот.

Согласно предвидениот дневен ред за седницата беа предвидени три точки за работа.

1.Предлог -Решение за формирање на постојани комисии на Советот на Општина Радовиш.

2.Предлог -Решение за формирање комисија за изготвување Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Радовиш за 2021 година.

3. Усвојување на извештајот од работното тело на Советот на Општина Радовиш.

На крајот беше ставен на усвојување и записникот од првата седница а пред неговото усвојување се разви дискусија помеѓу советниците.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш започнува со реализација на кампањата „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“

Media Press

Published

на

Општина Радовиш започнува со реализација на кампањата „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“, чија главна цел е – во најблиска иднина воведување на зонско паркирање за граѓаните на општина Радовиш.

„Свесни сме за секојдневните проблеми со кои се соочувате во делот на паркирањето на вашите возила и затоа ја очекуваме Вашата поддршка на овој проект за еднаш и засекогаш да ги надминеме овие проблеми.

Во тек е изработка на нова физибилити студија во која ќе бидат опфатени изградба на нови и регулирање на постоечките паркинг места како и целосно ставање под контрола на паркирањето во нашата општина“, велат од  Општина Радовиш.

Инаку решавање на проблемот со паркирањето во Радовиш беше едно до основните ветувања во програмата на градоначалникот Ацо Ристов.

Прочитај повеќе