Радовиш
Започна вакцинирањето на воспитно-образовниот кадар од Општина Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
Во текот на вчерашниот ден започна вакцинирањето на вработените во општинските образовни институции во Општина Радовиш, согласно предвидениот распоред.
Така вчера во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје беа вакцинирани 19 наставници кои одржуваат настава со физичко присуство и 27 негувателки и воспитувачки од ЈОУ детска градинка “Ацо Караманов во Радовиш.
Градоначалникот Герасим Конзулов ја поздрави ваквата иницијатива од страна на воспитно- образовниот кадар и уште еднаш апелира до граѓаните да се почитуваат мерките за заштита од Ковид -19.
„Приоритет ни е здравејто на децата и тие кои се грижат за нив. Почитувајте ги мерките за заштита и следете ги препораките на надлежните институции“, вели Конзулов во објавата на својот ФБ профил.
Поврзани содржини

Бесплатна вакцинација за сезонски грип во Домот за стари лица во Радовиш

Утре во Радовиш бесплатна акција „ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ по повод Светскиот ден на здравјето

Голем интерес за трета вакцина во Гевгелија

Трета доза вакцина примиле 181 граѓани

Филипче најави нова мерка која сигурно ќе се препорача од октомври, сертификат за целосна имунизација

Со две дози вакцина се вакцинирале околу 603.000 граѓани во државата
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



