Connect with us

Радовиш

Покрај редовните крводарители и млади девојки ја покажаа својата хуманост на денешната крводарителска акција во Радовиш

Media Press

Published

на

Околу 30 -тина крводарители  на денешната крводарителска акција во ОО Црвен крст во Радовиш. Освен редовните, радува фактот што крв даруваа и нови крводарители. Млади девојки средношколки денеска ја покажаа својата хуманост и даруваа крв, за да спасат нечии чивот. 

Според доктор Моника Стоилева иако е време на Ковид пандемија, дарувањето крв е безбедно.  И лица кои прележале корана вирус, можат да даруваат од оваа драгоцена течност.

ОО на Црвен крст од Радовиш организира редовни крводарителски акции и во време на пандемијата со Ковид – 19. Денешната беше четврта по ред во оваа 2021 година. Крводарителите кои  даруваат крв ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за Здравство.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Чаракчиев: И покрај пандемијата со Ковид – 19, Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството

Media Press

Published

на

И покрај пандемијата со Ковид – 19 Владата во изминатиот период инвестираше најмногу во здравството,  рече пратеникот  и претстедател на  ОО на СДСМ  од Радовиш Коле Чаракчиев, на денешната прес конференција. Тој спомна дел од мерките кои ги реалзира владата во

„Владата инвестираше како во човечки капитал така и во ресурси , инфраструктура и опрема, Специјализации заклучно со 2022 година ке добијат некаде околу 930 лица, во исто време е зголемена капитацијата на матичните лекари“, рече меѓудругото Чаракчиев.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во предизвикан пожар делумно изгореле викенд куќа и помошен објект во близина на река Сушица во Радовиш

Media Press

Published

на

Вчера околу 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека настанал пожар во викенд куќа, сопственост на В.Б. лоцирана во близина на река Сушица, атар на Радовиш, во кој делумно изгореле викенд куќата и помошен објект.

По интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со честитка до припадниците на Исламската вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов упатува честитка до припадниците на Исламската вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам, во која се вели:

„Почитувани сограѓани/ки, припадници на Исламската вероисповед, дозволете ми да Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам во мое име и во името на Општина Радовиш. Ви посакувам пред сè добро здравје, спокојство и благосостојба во домот и семејството. Имајте среќни празнични денови. Бајрам шериф мубарек олсун!“ стои во честитката од градоначалникот Конзулов.

Прочитај повеќе