Connect with us

Радовиш

Оливер Промет – Производство на трпезариски маси и столици

Media Press

Published

на

Постоиме за да создаваме
Создаваме за да ја предизвикаме убавата хармонија во вашите домови. 30 години постоиме за исполнување на нашите и вашите соништа. Нека вашите домови бидат украсени со столови и маси изработени од дрво и висококвалитетни штофови. Обработени по софистициран пат и наменети за сечиј вкус.

Секогаш со вас и за вас, Оливер промет.

Дел од преубавиот асортиман можете да го погледнете на фејсбук страницата на Оливер Промет.

Контакт телефон: 071 204 592
Емаил: oliverpromet@yahoo.com

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Со положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите бранители, ПС Радовиш го одбележа 7-ми Мај Денот на Македонската полиција

Media Press

Published

на

На скромен начин  со положување на свежо цвеќе денеска беше одбележан 7-ми Мај Денот на Македонската полиција, од страна на полициската станица во Радовиш.    

Денот на Македонската полиција од името на Полициска станица Радовиш  го честита началникот на  ОВР Радовиш Спасо Трајков.

На Споменикот на загинатите бранители, во дворот на полицискитата станица свежо цвеќе положија; Делегација предводена од началникот на СВР Струмица , делегација предводена од началникот на ОВР Радовиш Спасо Трајков, Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, Заменик генералниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов, претставници од семејствата на загинатите бранители, командирот на Полициска станица Радовиш Борче Крстев и претставници од Македонскиот полициски синдикат.

Во рамките на одбележувањето на денот Македонската полиција беше спроведена и  превентивна активност со делење заштитни маски на граѓани од страна на полициски службеници во центарот на Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со честитка по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција

Media Press

Published

на

Честитка до сите припаднците на македонската полиција по повод денешниот празник упати градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

„Ви пожелувам професионален и личен успех и воедно би сакал да Ви се заблагодарам од името на Општина Радовиш за професионалноста во работењето и заштитата на граѓаните и темелните општествени вредности“, стои во честитката од градоначалникот Конзулов.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршен голем комунален проект во Јаргулица, Општина Радовиш

Media Press

Published

на

„По завршувањето на градежните работи, селото Јаргулица доби нов изглед а жителите уреден пристап до своите домови“, вели градоначалникот  на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

Со овој проект како што наведува градоначалникот Конзулов, изградени се три нови улици а со тоа е уреден пристапот до околу 1/3 од домовите во селото.

За првпат изградена е нова фекална канализација, а изведен е и зафат за регулација на реката и пороите.

Конзулов најавува продолжување на пролетната градежна офанзива!

Прочитај повеќе