Connect with us

Струмица

Притвор за момче од Струмица кое силувало девојка и за уште две лица кои му помогнале во намерата

Media Press

Published

на

На 09 април во петокот Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против И.Д. (18) од Струмица, со престојувалиште во село Банско, струмичко, М.Д. (21) и А.Д. (25) и двајцата од село Банско, поради тоа што на 08.04.2021 околу 17:40 часот на ул.„Невена Стојкова“ И.Д. извршил обљуба врз 18-годишна девојка од струмичко село,, а М.Д., А.Д. и уште две лица му помогнале во намерата.Лицата набрзо биле лишени од слобода и по обезбедените докази на 09.04.2021 година биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, кој на тројцата им определил мерка притвор.

Избори 2021

Костадинов: Веднаш го реализираме првото клучно ветување, го слушаме гласот и потребите на граѓаните

Media Press

Published

на

„Како што ветив пред граѓаните за време на кампањата, нема чекање, веднаш го реализираме првото клучно ветување, го слушаме гласот и потребите на граѓаните“, вели Костадин Костадинов идниот градоначалник на Општина Струмица најавувајќи го проектот Од врата на врата, да се слушне гласот на народот.

„Од денеска со советниците, со мојот тим започнуваме со интензивни консултации со сите граѓани за подготовките за носење на Буџетот на Општина Струмица за следната година. Заедно со советниците во идниот Совет на општината ќе го посетиме секое населено место, секоја улица и заедно со граѓаните ќе ја креираме распределбата на Буџетот за идната година. Ќе ги прашаме граѓаните, струмичани што е приоритет за нив. Тоа што ќе го кажат ќе влезе во Буџетот и силно ќе го поддржам јас како градоначалник и советниците на СДСМ. Ќе ги прашаме граѓаните од секое маало, од секоја улица, кој конкретен проект треба да се финансира или каде треба да се насочат дел од парите на општинскиот буџет во следната година. Сите предлози на граѓаните ги земаме во предвид, ги анализираме и оние кои се реални, кои се остварливи ќе влезат во програмата и буџетот за следната година“, вели Костадин Костадинов во изјава за медиумите.

„Како што ветив и во кампањата, ние како идна општинска администрација Буџетите ќе ги носиме заедно со граѓаните, следејќи ги нивните потреби. Денеска, тоа изборно ветување го остваруваме. Ова е нов стандард на отвореност и инклузивност. За првпат во една општина во Македонија токму граѓаните на Струмица ќе бидат тие кои ќе го креираат Буџетот за следната година, а со тоа и правецот на развој на своето населено место, на својата општина. И ова е само почеток, во следните четири години заедно со граѓаните ќе работиме на развој, на напредок на нашата Струмица, за таа да стане уште поатрактивно место за живеење, да стане град со уште повеќе можности за младите“, додава Костадинов.

Прочитај повеќе

Струмица

Повреден пешак во Струмица од удар на автомобил

Media Press

Published

на

По удар од автомобил на улица во Струмица пешак се здоби со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила вчера на улицата Климент Охридски.

„Патничко возило ‘мерцедес’, со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(45) од селото Седларци, Струмичко, удрило во пешакот С.С.(58) од Струмица. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица“, велат од МВР.

Прочитај повеќе

Избори 2021

Костадинов: Целосна реконструкција на Домот на културата во Куклиш

Media Press

Published

на

 Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ и коалицијата Костадин Костадинов најави целосна реконструкција на Домот на културата во Куклиш за да биде мултифункционален простор за сите граѓани.

„Во проектната програма со целосна реконструкција на Домот на културата во Куклиш се предвидени следните содржини: сала за приредби и претстави со сцена и гардероби за изведувачи, библиотека со читална, две простории за културно уметнички друштва, две канцеларии за вработените, клуб на пензионери, канцеларија на Месната заедница, кафетерија, санитарни простории и технички простории.

Планот за реконструкција е јасен ‐ Домот на Културата по реконструкцијата да стане мулти‐функционален простор кој ќе го користат сите жители на Куклиш. Во делот на зоната околу Домот на Културата и објектите кои се во непосредната околина планираме надополнување со ново парковско уредување.
Со овој проект е предвидено уредување на инфраструктурата со пешачки патеки и поставување соодветна, урбана опрема, надополнување на постоечките зелени површини и дополнување со ново холтикултурно уредување“, рече Костадинов.

Прочитај повеќе