Connect with us

Радовиш

Гужви пред Стопанска Банка во Радовиш, има ли место за паника или станува збор за лажна информација

Media Press

Published

на

Гужви, чекање во ред без држење дистанца и ризик за потенцијална зараза во време на пандемија, ваква е сликата пред Стопанска Банка во Радовиш последните денови.  Паника и вознемиреност кај дел од граѓаните од Општина Радовиш да не се затвори банката, па побрзаа да си ги извадат своите пари. Радовишани слушнале за ваквите информации но не се сигурни за што станува забор.

„Станува збор за лажна информација. Банката е стабилна и нема место за страв и паника“, рече регионалната директорка на Стопанска Банка АД Скопје Весна Ангеличкова. при гостувањето во вестите на Регионална телевизија Кобра во Радовиш.

Од Народната банка преку соопштение информираат дека бил одржан работен состанок на којшто зедоа учество претставници на банките и штедилниците и претставници на Народната банка, а е поврзан со невистините и лажните информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со банкарскиот систем, на штета на целата економија и општеството во целина.

Оттаму додаваат дека новите технологии и интернетот даваат многу можности, кои за жал во голема мера се користат и за ширење лаги и дезинформации, а тоа ги вознемируваат граѓаните и имаат потенцијал да нанесат економски штети.

–Затоа сакаме да апелираме до граѓаните и компаниите коишто имаат какви било прашања отворено да ѝ ги поставуваат на својата банка, на Македонската банкарска асоцијација (МБА) или на Народната банка. Исто така, бидејќи банките се транспаренти економски субјекти, тие се обврзани и редовно објавуваат повеќе податоци за своето работење, коишто може и треба да се следат од сите заинтересирани граѓани и компании. Само на тој начин може да се заштитиме од пласираните невистини и да донесеме основана одлука за банката со која соработуваме – се вели во соопштението од Народна Банка.

Радовиш

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица во тек е реализација на проект за спроведување на мерки за енергетска ефикасност

Media Press

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денеска  беше во посета на општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Ораовица каде во тек е реализацијата на проектот за спроведување на мерки за енергетска ефикасност согласно програмата за аерозагадување.

Со цел за енергетска ефикасност и заштеда на енергија ке биде заменета постоечката алуминиумска столаријата со ПВЦ. Исто така во ова училиште целосно беше реконструиран и спортскиот терен.

Прочитај повеќе

Радовиш

Дали општинските згради за нова година ќе останат без струја, градоначалникот Ацо Ристов бара решение од надлежните институции

Media Press

Published

на

Дали зградата на  Локалната самоуправа на Општина Радовиш за нова година ќе остане без струја, како и и јавните образовни институции и уличното осветлување во градот, поради актуелната енергетска криза, или ќе има измени во постапката за набавка на струја, беше проблем кој го спомна градоначалникот Ацо Ристов на одржаниот регионален состанок на ЦУК, кој вчера се одржа во Радовиш и на кој беше присутен и директорот Стојанче Ангелов.

Со овој проблем како што спомна Ристов освен Радовиш се соочуваат и останатите општини и тој побара брза интервенција на Владата со уредба да се смени регулативата за набавка на електрична енергкија и од слободен да се префрлат на регулиран пазар за купување на струја.

Прочитај повеќе

Радовиш

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на работна средба со институциите за безбедноста на граѓаните за општините Радовиш и Конче

Media Press

Published

на

Работна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Радовиш во проширен состав, со активно присусто на новите градочалници на општините Радовиш, Ацо Ристов и на Конче, Златко Ристов, се одржа во просториите на општина Радовиш- сала за совет, под раководство на Стојанче Ангелов, диркторот на Центарот за управување со кризи (ЦУК). По воведодот на рководителот на РЦУК Радовиш, Драги Стојанов согласно дневниот ред, се разви обемна и конструктивна дискусија за подготвеност на субјектите за претстојниот зимски период.
Притоа, имаше размена на идеи предлози, законски надлежности на институциите на подрачјето на општините Радовиш и Конче во интерес на безбедноста и сигурноста на граѓаните.


На работната средба учествуваа и раковидители на Секторот за операции и координација (СОК) од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и сите субјекти од Системот за управување со кризи од општините Радовиш и Конче.
Беа донесени заклучоци што претставуваат идна патека за работа во контекст со локалниот менаџмент на кризи во координација со националните правци, со стратешка определба за реално техничко и командно зајакнување, како што посочи Ангелов, а како што градоначалниците потврдија, во контекст на намалување и анулирње на невољите при кризни состојби, како локални, така и регионални. Конкретно, беа донесени глобални заклучоци, кои ќе се практикуваат и локално адаптирани на можните кризни предизвици:

Интензивирање и продолжување на соработката и комуникацијата со субјектите во системот на локално ниво, заради навремено информирање за сите појави и настстани што можат да предизвикаат несакани последици и опасности од поплави, одрони на земја, лизгање на терени, прекини во патниот сообраќај, студено време , наноси од снег и други карактеристични појави за периодот што следува.

Задолжително следење на комуналните претпријатија и водостопанските субјекти на водостоите на реките и речните корита, постојана комуникација и координација со стопанствениците на високи брани. Нормално и да се пропагира до населението да не ги фрла отпадоците во веќе исчистените канали.

Задолжително користење и постапување по оперативните планови за заштита и одбрана од поплави, што ги имаат донесено за дејствување во вакви состојби.

Инаку, покрај директор на Центар за управување со кризи, градоначалниците на општините Радовиш и Конче, управителот на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш, на седницата зедоа учество и членовите на Ргионалниот штаб: директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш, СВР Струмица ОВР Радовиш, ЕЛС Радовиш, ЕЛС Конче, МЗШВ ПЕ Радовиш, Републички инспектор за патишта, ОО Црвен крст Радовиш, ЈП „Плаваја“ Радовиш, ТППЕ Радовиш, Македонски шуми ПШС „Плачковица“ Радовиш, и АД „Водостопанство“ подружница Радовиш.

Прочитај повеќе