Македонија
ССНМ: Полицијата да не ја попречува работата на новинарите

Published
2 недели agoна
By
Media Press
Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) остро го осудува вчерашниот однос на полициски службеник во Велес врз новинарка на порталот дума.мк за време на извршување на нејзините професионални обврски и бара од Министерството за внатрешни работи (МВР) да го расветли случајот.
Новинарката Стефани Манева во неделата попладне (4 април), како што стои во реакцијата на порталот, излегла на терен за да ја покрие железничката несреќа кај мостот „Гемиџии“ во Велес во која товарен воз прегази човек.
Во еден момент и пришол униформиран полициски службеник од СВР Велес додека Манева собирала информации за немилиот настан, ѝ го одзел мобилниот телефон и ги избришал двете фотографии што ги направила за илустрација на веста.
ССНМ смета дека ваквото однесување на полициски службеници е недозволиво, посебно поради тоа што новинарката јасно се лигитимирала и кажала дека е на работна задача. Затоа, бараме остра и ефективна реакција од надлежните кон полицискиот службеник кој ја оневозможил новинарката на дума.мк да ја извршува својата работна задача. Воедно, ССНМ силно протестира против ваквите инциденти, бидејќи спречување на работата на новинарите и медиумските работници е напад и врз слободата на изразување и правото на информирање на граѓаните.
Поврзани содржини
Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници
ССМ: Работодавачите мораат да го задржат бројот на вработените како услов за добивање на финансиската поддршка за плати
Сојузот на синдикати бара субвенциите за плати да бидат дел и од петтиот пакет мерки
Прифатен предлогот на ССМ за воведување повеќе услови за пензионирање во законот за пензиско и инвалидско осигурување
ССМ: 3.300 млади луѓе под 29 години останале без работа од почетокот на кризата
Проф.д-р Ванчо Чифлиганец прогласен за Личност за 2019 година од страна на новинарите од Истокот
Македонија
200.000 дози кинески вакцини се очекува да пристигнат на 28 април, во тек е вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Published
2 дена agoна
април 16, 2021By
Media Press
Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиуми информираше за текот на вакцинацијата во А1 арената „Борис Трајковски“, каде во моментов се одвива вакцинација на граѓани помлади од 75 години.
„Салата Борис Трајковски продолжува да работи како четврти пункт за вакцинација во Скопје и сите граѓани кои уште на почеток беа пријавени, а се на возраст под 75 години, односно 73 и 74 години ќе се вакцинираат тука во салата во следните денови. Вакцинацијата ќе биде со вакцините кои ни се на располагање. Спутник В тоа што останаа по завршување на вакцинирањето на критичната инфраструктура, дел од вакцините на Астра Зенека и донацијата од на ОАЕ а тоа е кинеската вакцина. Направен е распоредот, нешто поразвлечен заради тоа што сепак станува збор за постари граѓани, некои од нив доаѓаат со придружба, а согласно динамиката како ќе се одвива ќе се прави распоредот и за следните денови. Добро се одвива целокупниот процес на вакцинација и во салата Борис Трајковски, а и ширум пунктовите во државата“, рече министерот Филипче.
Потврден е и точниот датум на пристигнување на кинеските вакцини во количина од 200.000 дози и истите се очекува да ги добиеме на 28 април со што ќе се забрза динамиката на вакцинацијата и со истите ќе се опфати и поголема група граѓани.
-Следните вакцини на почеток на следната недела ги очекуваме од на компанијата Фајзер, според најавата на 19 април, 10.000 вакцини, на 26-ти уште 10.000 и има потврдата од кинеската амбасада дека кинеските вакцини треба да ги очекуваме околу 28-ми април, посочи изјави министерот.
Што се однесува до состојбата во болниците, тој посочи дека после оној мини пик, како што беше голем притисокот на почеток на неделата, бројките сега се мали.-
„Вкупниот број новодијагностицирани повторно бележи пад, тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје, така и ширум државата. Тој притисок што го имаше претходно го нема. Се уште има пријави и се уште сме внимателни заради тоа што има голем број дијагностицирани пациенти на кои може да им затреба болнички третман меѓутоа не е таква бројката на приеми каква што беше пред една недела. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и дека дефинитивно ова се знаци дека и овој бран стивнува“, посочи министерот Филипче.
Македонија
Возрасни граѓани од 73 и 74 години можат да се пријават, има дополнителни слободни термини за вакцинација

Published
4 дена agoна
април 14, 2021By
Media Press
Министерството за здравство ја информира јавноста дека во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години. Термините се отворени од вечерва и граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација. Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.
Вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизција со приоритет врз основа на возраст, во оваа фаза ќе бидат опфатени возрасни лица, односно постари – категорија што е опфатена со најголем број на хронични болести, со висок ризик за тешка форма на Ковид-19.
Инаку до вчера беа вакцинирани вработените во критичната инфрастрктура во МВР, во АРМ, во образование и во градикните.
Македонија
Цените за лекување од Ковид во приватните болници ќе се ограничат најмногу до 5000 евра

Published
5 дена agoна
април 13, 2021By
Media Press
Со измените на Законот за здравствена заштита кои ќе бидат доставени до Собранието, ќе се регулира колку пари можат да наплатат приватните болници од пациентите заразени со коронавирус кои се на лекување. Според министерот за здравство Венко Филипче кога пратениците ќе ги изгласаат измените, болниците нема да можат да наплатат повеќе од 4.959 евра.
„Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани“ стои во објавата на министерот Филипче.

Деновиве активно се работи на санација на кровот на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш

Три нови струки во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш кои ќе бидат и финансиски поддржани

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Десетте општини во регионот започнуваат со активности за првото ларвицидно прскање против комарци
