Connect with us

Ново Село

Во недела протест-блокада на патот кој води кон Колешинскиот Водопад, против неконтролираната сеча на шумата во Беласица

Media Press

Published

на

Во недела на 11април во 12 часот, месната зедница и жителите на Колешино, со поддршка на градоначалникот на Општина Ново Село и жителите на околните села, кои се засегнати од истиот проблем, како и еколошките здруженија Еко Долина од Ново Село и Здрава Котлина од Струмица, ќе организираат протест-блокада на патот кој води кон Колешинскиот Водопад со цел да се алармира јавноста и надлежните државни органи за стопирање на БЕЗОБЗИРНАТА И НЕКОНТРОЛИРАНА СЕЧА НА ШУМАТА ВО БЕЛАСИЦА, од страна на Јавното Претпријатие НАЦИОНАЛНИ ШУМИ.

Како што се наведува во образложението од организаторите, веќе подолг период, жителите на подбеласичките села Старо Коњарево, Дражево, Смолари, Мокрино, Мокриево, Борисово, Колешино, како и жителите на селата на падините на Огражден-Ново Коњарево, Самоилово, Ново Село, Сушица, Штука, Иловица, заедно со еколошките здруженија Еко Долина и Здрава Котлина, речиси безуспешно се борат против оваа неприродно организирана стихија на неконтролирано, непланско и безобзирно сечење на шумата. „И тоа на места каде е најлесно достапна, а без да се обезбедат изворите на вода од кои се снабдуваат посочените села, како и пробивањето на шумски патишта, кои веќе почнаа да предизвикуваат свлечишта“, стои во образложението.

Инаку протестот ќе биде поддржан и од Општина Ново Село со цел зачувување на локалното природно и културно наследство, со апел да биде мировен, и сите учесници да се придржуваат до важечките протоколи за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19 .

Ново Село

Излекувано единственото регистриранo заболено лице со COVID-19 во Општина Ново Село

Media Press

Published

на

По направените контролни тестови на лицето утрвдено е дека повеќе не постои вирусот односно е излекувано, првото и единствено заболено лице во општина Ново Село.

„Заболеното лице беше лекувано во домашни услови, изолирано од својата фамилија во домашен карантин, под постојан надзор на надлежните институции“, велат од општината.

Од каде додаваат дека во Општина Ново Село, до моментот на објавата, има едно излекувано лице и нема други заболени лица или ново регистрирани случаи со COVID-19.

„Во овие моменти, ние како општество, треба да покажеме човечност и да ја совладаме стигмата поврзана со лицата претходно заболени со вирусот COVID-19. Лицето е веќе излекувано, тоа ги почитуваше сите мерки и препораки, и ние не треба да го осудуваме, не треба да вршиме каков било притисок или дискриминација врз лицето или врз неговото семејство“, вели градоначалникот Никола Андонов.

Градоначалникот на Општина Ново Село и Кризниот штаб при Општина Ново Село искажуваат благодарност до сите оние кои се придржуваат и ги почитуваат сите мерки и препораки и активно придонесуваат во спречувањето на ширењето на вирусот. Воедно и упатуваат апел до сите граѓани, и покрај непостоењето на ново регистрирани заболени лица, граѓаните да продолжат да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат сите досегашни мерки за заштита на јавното здравје.

„Општината и надлежните институции и понатаму ќе се фокусираат на спроведување на потребните мерки, и ќе останат во служба на граѓаните за заштита на јавното здравје“, велат од општината.

Прочитај повеќе

Ново Село

Прв случај со Ковид-19 во Општина Ново Село

Media Press

Published

на

За жал, вирусот кој во моментот владее со целиот свет не ја одмина Општина Ново Село, и го имаме првиот регистриран случај на заболена личност од Covid-19 во општината, напишаа Општина Ново Село на својот официјален Фејсбук профил.

Градоначалникот на Општина Ново Село Г-дин Никола Андонов и Кризниот штаб при Општина Ново Село апелираат до сите граѓани, а особено до младите, да покажат поголема одговорност и да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од ширење на Ковид-19.

Општината и надлежните институции и понатаму ќе се фокусираат на спроведување на потребните мерки, и ќе останат во служба на граѓаните за заштита на јавното здравје, стои во известувањето.

Прочитај повеќе

Ново Село

Дезинфекција во канцелариите на општинската зграда во Општина Ново Село

Media Press

Published

на

Општина Ново Село ги почитува препораките од Владата, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот Ковид-19. Од денес започнува редовната дезинфекција во канцелариите на општинската административна зграда.

По воведениот времен прекин на прием на странки во општинската зграда освен за итни и неодложни барања, за непречено работење и решавање на какви било проблеми со кои ќе се соочат граѓаните а е надлежна Општина Ново Село, се препорачува да се користат следните контакти:
• Одделение за урбанизам – 070 296 162
• Одделение за финансиски прашања – 070 996 965
• Одделение за даноци – 078 487 938
• Телефонски број на општината – 034 355 202
• Служба 24/7 – 078 367 568
• електронска пошта: administracija@novoselo.gov.mk
• или оставете порака на општинската веб-страна: www.novoselo.gov.mk

Прочитај повеќе