Connect with us

Струмица

Полицијата прекинала забава во стан во Струмица, ќе биде поднесена соодветна пријава

Media Press

Published

на

Вчера по полноќ полиицијата прекинала забава во стан во Струмица.

Имено како што соопштува СВР Струмица на 03 април во 03.40 часот, по претходна пријава и по овластување на јавен обвинител, полициски службеници извршиле контрола во стан на бул.„Ленинова“ во Струмица, сопственост на Д.А.(22) од Струмица, при што било констатирано дека организирал забава со уште седум лица, со што сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од СВР Струмица. 

Струмица

Украла чанта со пари и ги закопала во својот двор, полицијата ги вратила на сопственикот

Media Press

Published

на

Жена од струмичко отишла на гости и украла чанта со пари, по што ги закопала во својот двор.

„Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Имено на 29 март пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути. На 07 април полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот, информира МВР.

Прочитај повеќе

Струмица

Притвор за момче од Струмица кое силувало девојка и за уште две лица кои му помогнале во намерата

Media Press

Published

на

На 09 април во петокот Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против И.Д. (18) од Струмица, со престојувалиште во село Банско, струмичко, М.Д. (21) и А.Д. (25) и двајцата од село Банско, поради тоа што на 08.04.2021 околу 17:40 часот на ул.„Невена Стојкова“ И.Д. извршил обљуба врз 18-годишна девојка од струмичко село,, а М.Д., А.Д. и уште две лица му помогнале во намерата.Лицата набрзо биле лишени од слобода и по обезбедените докази на 09.04.2021 година биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, кој на тројцата им определил мерка притвор.

Прочитај повеќе

Струмица

Кривична пријава против три лица од Банско, струмичко кои организирале свадбена веселба

Media Press

Published

на

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

 На 28 февруари пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби.

Прочитај повеќе