Вакцинирани првите граѓани над 77 години во ЈЗУ Здравствен Дом Радовиш, со вакцина AstraZeneca
Од
денеска започна вакцинацијата во ЈЗУ Здравствен Дом Радовиш за граѓаните над 77
години, со вакцини против Covid-19 од
AstraZeneca.
Вакцинацијата се спроведува во службата за имунизација при Здравствен
дом-Радовиш, за пациенти над 77
години, со
претходно закажување преку
апликацијата “Мој Термин” од страна на матичните лекари. Според директорката д-р
Лимонка Илиевска, дневно ќе се вакцинират
по околу 30 граѓани кои согласно терминот уредно се пријавени од матичните
лекари, а неподвижните пациенти кои се пријавиле за вакцина ќе се вакцинираат
во своите домови.
Граѓаните кои што се вакцинираа денеска велат дека по примањето на вакцината чекат
неколку минути во ординација и засега се чувствуват добро.
Матичниот лекар не
секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација, должен е да му каже во
колку часот треба да се вакцинира и на кое место во здравствената установа се спроведува вакцинација против
Ковид-19.
Граѓаните кои имаат
термин и ќе ја примат вакцината потребно е со себе да понесат здравствена
книшка и лична карта, за да бидат внесени во системот кој води грижа и за
нивната ревакцинација.
Мобилните екипи на Црвениот крст од Радовиш исто така се ставени на располагање и помагаат во упатувањето на граѓаните до местото за вакцинација, со цел да не се губи непотребно време барајќи го пунгтот. Исто така има и јасно означени патокази во кој дел од здравствениот дом се спроведува вакцинацијата. Според времето потребно за вакцинација дневно ќе се вакцинираат по околу 30 пациенти од Општините Радовиш и Конче.