Connect with us

Радовиш

Физички нападнат српски државјанин кај „Пилав тепе“ од страна на две лица

Media Press

Published

на

Физички нападнат српски државјанин кај „Пилав тепе“ од страна на две лица кој му одзеле и пари, информира СВР Струмица.

Имено, на 31 март во 01.20 часот во Полициска станица Радовиш српскиот државјанин И.М. пријавил дека на место викано „Пилав тепе“, на магистрален пат Штип – Радовиш, бил физички нападнат од две лица, при што му биле одземени пари. Одделението за внатрешни работи Радовиш презема мерки за расчистување на случајот.

Радовиш

Утврден успехот на учениците во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш

Media Press

Published

на

Утврден успехот и поведението на  учениците во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш на крајот на првото тромесечје од второто полугодие.  Оценките на учениците се  формирани врз основа на тестирања и согледувања на наставникот во текот на реализација на онлајн наставата.

Според директорот на училиштетото Гоце Лазаров, успехот задоволува иако е понизок во споредба со годините кога се одвиваше наставата во нормални услови со физичко присуство.

„Вчера имавме класни совети каде што се утврди успехот на учениците. Според реферирањето на извештаите од класните раководители, дојдовме до заклучок дека успехот на учениците е сличен со оној во првото полугодие. Во некои класови е подобар во некои послаб. Друго е учењето со физичко присуство друго е онлајн“, вели Лазаров.

Инаку во СОУ Коста Сусинов во Радовиш сите ученици посетуваат настава онлајн поради веќе позната ситуација со корона вирусот, а само практичната настава се одвива со физичко присуство.

Во овој период во тек е и одбраната на проектните задачи на матурантите кои ги браната онлајн, по што ќе следува полагањето на матурските испити од државната матура. Годинава матурантите ќе полагаат два екстерни и два интерни испити.

Прочитај повеќе

Радовиш

Оливер Промет – Производство на трпезариски маси и столици

Media Press

Published

на

Постоиме за да создаваме
Создаваме за да ја предизвикаме убавата хармонија во вашите домови. 30 години постоиме за исполнување на нашите и вашите соништа. Нека вашите домови бидат украсени со столови и маси изработени од дрво и висококвалитетни штофови. Обработени по софистициран пат и наменети за сечиј вкус.

Секогаш со вас и за вас, Оливер промет.

Дел од преубавиот асортиман можете да го погледнете на фејсбук страницата на Оливер Промет.

Контакт телефон: 071 204 592
Емаил: oliverpromet@yahoo.com

Прочитај повеќе

Радовиш

Во близина на крстосница за с.Бучим радовишко, било пронајдено починато лице во шахта со вода

Media Press

Published

на

На 09 април околу 18 часот во полициска станица Радовиш било пријавено дека во шахта на магистралниот пат во изградба А-4 Штип-Радовиш, поточно во близина на крстосница за с.Бучим бил пронајдено починато лице. Увидна екипа од ОВР Радовиш, Трудов инспектор и  лекар извршиле увид на местото, при што било утврдено дека станува збор за Б.Б.(49) од Скопје, кој додека извршувал работни задачи за фирма, паднал во шахтата со вода и се удавил. Од обдукцијата, извршена по наредба на Јавен обвинител, е потврдено дека причина за смртта е давење, информира ПС Радовиш.

Прочитај повеќе