Connect with us

Радовиш

Прашината во околината на хидројаловиштето на рудникот Бучим овие два дена, е како резултат на силниот ветар

Media Press

Published

на

Прашината во околината на хидројаловиштето на рудникот Бучим овие два дена, е како резултат на силниот ветар и не е прашина врзана со технолошкиот процес. 

 

По повод реакцијата на жители од село Тополница дека овие два дена имало одредено загадување  на околината во вид на прашина од Рудникот Бучим, РТВ  Кобра беше на лице место во Бучим и околината околу браната, каде е  побарано одоговор од менаџерскиот тим, за што станува збор и дали се преземени сите мерки.

Заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов, рече дека тоа е резултат на силниот ветер кој дуваше овие денови и не станува збор за загадување поврзано со технолошкиот процес.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Вечерва во општините Радовиш и Конче ќе се изврши последното прскање против комарци за ова лето

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира трето адултно прскање по земјен пат против комарци.

На 03 август односно вечерва  во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче ќе биде извршено прскањето  против комарци по земјен пат. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. 

          Согласно договорот и препорачаните интервали за навремено прскање против комарци oд страна на Центрите за јавно здравје за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци, во општините во регионот ова е последниот третман по земјен пат, односно теристичка, аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ метода.

Прочитај повеќе

Радовиш

Кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, за „компјутерска измама“ на фирма од Радовиш

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава  за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон.
Осомничените во повеќе наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прикривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата .
Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил 4 уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.
Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15.006.000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе го гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод, одобрени се 23 милиони денари

Media Press

Published

на

Сепак ќе се гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод во Радовиш, во должина од три километри. Денеска градоначалникот Герасим Конзулов го потпиша договорот за одобрување на средствата во износ од 23 милиони денари.

„Конечно одговор за сите што ме прашуваа ( и оние кои се сомневаа) дали ќе се гради патот по течението на Радовишка реката до градскиот водовод.
Денес во Скопје го потпишав Договорот со Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Станува збор за договори од третата група општини за реализација на инфраструктурните проекти од ТАВ програмата.

„Овој проект беше едно од ветувањата до граѓаните и посебно сум задоволен што ќе го изградиме овој патен правец кој има големо локално значење“ додава Конзулов. Работните активности ќе стартуваат од 15 септември, годинава.

Инаку овој локален пат, радовишани најчесто го користат за пешачење покрај реката, но и за посета на манастирот Свет Архангел Гаврил.

Прочитај повеќе