Македонија

Од 14 мај Грција ќе ги отвори вратите и за македонските граѓани, но под одредени услови

Од  14 мај Грција ќе ги отвори вратите и за македонските граѓани, но само со  потврда од вакцинација или негативен ПЦР тест, изјави Министерот Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче во денешната изјава за медиумите рече дека веќе остварил разговор со грчкиот министер за здравство и грчкиот министер за туризам Теохарис, кој најавил дека границата ќе биде отворена од 14 мај и за македонските граѓани,  но секако под посебни услови, да приложат потврда од примена вакцина или негативен ПЦР тест. 

„Утрово грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис ме извести дека дека на 14 мај Грција планира да ги отвори граничните премини „Дојран“ и „Евзони“ за македонските граѓани. Граѓаните кои планираат да патуваат во Грција ќе мора задолжително да покажат сертификат дека се вакцинирани или пак да имаат негативен ПЦР тест за ковид-19. Искрено се надевам дека оваа одлука нема да се промени заради евентуална промена на епидемиолошката состојба во двете земји. Во следните денови ќе ги договараме деталите околу усогласување на сертификатите за вакцинација“, изјави Филипче.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago