Донација од Црвената полумесечина на Турција за потребите на лицата со попреченост од Општина Радовиш
25 инвалидски колички, слушни апарати и средства за хигиена за лицата со попреченост во Општина Радовиш, донација од Црвената полумесечина на Р. Турција во соработка со Црвениот крст од Радовиш.
По
тој повод секретарот на Општина Радовиш, Драги Стојанов денеска
оствари средба со
генералниот директор на Црвената полумесечина на Република Турција, Ибрахим
Алтан, заменик
министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, секретарот на општинската организација на Црвениот
крст, Верица Беќарова, советникот Енис Омер како и претставнци од турската
амбасада.
Заменик министерот Енвер Хусејин информираше
дека со донацијата ќе бидат опфатени неколку општини во
регионот меѓу
кои, Радовиш, Струмица, Гевгелија, и Робово но и дел
од Скопје. Ова донација како што рече е на заедничка
иницијатива на Министерството и на Црвенио
крст.
„Лицата
кои ќе ја добијат ваквата донација се претходно лоцирани и на истите по список лично ќе им биде предадена оваа
помош“, рече Хусејин
Секретарот на Општина Радовиш, Драги Стојанов ја прими делегацијата во името на градоначалникот Герасим Конзулов и се заблагодари за помошта и притоа ја истакна добрата соработка која Општината ја остварува со Црвената полумесечина и во претходниот период.
Секретарот
на Црвениот крст Беќарова, изрази уверување за продлабочување на соаботката
и во иднина.
По средбата делегацијата се упати во посета на лицата со попреченост и доставата на помошта во неколку населени места.