Connect with us

Радовиш

Првите дози на вакцини против Covid-19 од производителот AstraZeneca пристигнаа во Радовиш

Media Press

Published

на

ЈЗУ Здравствен Дом Радовиш ги прими првите 200 дози на вакцини против Covid-19 од производителот AstraZeneca.

Вакцинацијата ќе ја спроведува службата за имунизација при ЈЗУ Здравствен дом-Радовиш. „Започнуваме од (петок) 02.04.2021, за пациенти над 77 години, со закажување преку апликацијата “Мој Термин” од страна на матичните лекари“ вели директорката д-р Лимонка Илиевска.

Националниот систем „Мој термин“ од вчера од 19:00 часот ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на гараѓани што се опфатени во првата фаза и спаѓаат во групата 1Б од Националната стратегија за ковид-имунизација.

Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација, должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа се спроведува вакцинација против Ковид-19.

Граѓаните кои имаат термин и ќе ја примат вакцината потребно е со себе да понесат здравствена книшка и лична карта, за да бидат внесени во системот кој води грижа и за нивната ревакцинација.

Министерот за здравство Венко Филипче во денешната изјава рече дека вакцината на Астра Зенека е безбедна за возрасните групи граѓани над 77 години, и сите кои се пријавиле слободно да се вакцинираат, кај нив не се забележани негативни ефекти.

Радовиш

Деновиве активно се работи на санација на кровот на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш

Media Press

Published

на

Деновиве активно се работи на санација на кровот на центарот за култура “Ацо Караманов“ во Радовиш, проект кој го реализира Општина Радовиш се средства од сопствениот Буџет.

„Конечно ставаме крај на прокиснувањето и оштетувањето на зградата кое се појавува како последица на влагата.  Културните работници, уметниците и граѓаните ќе се вратат во подобри услови“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

 Последен пат кровот  на центарот за култура беше реконструиран пред 10-тина години но последната година повторно се појавија проблеми.

„Следна фаза ќе биде реконструкција на внатрешниот дел односно на плафонот кој е оштетен од прокиснувањето на кровот“, вели директорката на домот на културата Изабела Ангелова, која изразува благодарност до Општина Радовиш и до градоначалникот Конзулов за реализацијата на овој проект.

 Инаку центарот за култура „Ацо Караманов“ е единственото место каде се одржуваат сите културни настани, манифестации, концерти, изложби, театарски претстави, кино проекција и други настани со кои се  унапредува културата во Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Три нови струки во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш кои ќе бидат и финансиски поддржани

Media Press

Published

на

СОУ Коста Сусинов од Радовиш годинава нуди три нови  струки од кои едната е дуална паралелка во која учениците своето теоретски знаење,  ќе можат да го надополнат со посетување на пракса во компанија во случајот во Радовиш во рудниците Боров Дол и Бучим. Учениците од оваа паралелка ќе добиваат и месечна стипендија од министерството за образование од 3.500 денари месечно.

„Трите нови струки освен гимназиските паралелки се Електротехничка струка -профил, електротехничар енергетичар, Машинска струка – профил, машински техничар и Рударско, геолошка и металуршка струка – профил, рударско- геолошки техничар“, рече директорот на училиштето Гоце Лазаров.

Според соопштувањата на Министерството за образование и наука за сите ученици кои ќе одберат некои од понудените стручни профили, а со цел мотивирање на учениците да го одбираат средното стручно образование, за прв пат од новата учебна 2021/2022 година се воведуваат 2.200 стипендии за сите оние кои ќе се запишат во прва година во средно стручно училиште и од нив, 2000 стипендии во месечен износ од 3.500 денари ќе бидат наменети за ученици запишани во дуалните паралелки во четиригодишното образование, како и за ученици запишани во тригодишно образование, додека 200 стипендии ќе бидат наменети за ученици запишани во дефицитарни струки како електро-техничка, машинска, итн.

 Вкупно според конкурсот во средното училиште во Радовиш  ќе можат да се запишат околу 300 ученици во прва година, кои ќе бидат распоредени во девет паралелки.

Прочитај повеќе

Радовиш

Апел за заштита од пожари на отворен простор

Media Press

Published

на

Територијата на Република Македонија во текот на летниот период се соочува со зачестеност на полски и шумски пожари кои се помогнати од покачувањето на темпратурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуваат животната средина, се закануваат и по животот на граѓаните.

Од тие причини Општина Радовиш упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор, особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите.

„Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места.

Да не се палат стрништа, земјоделски и други површини.

Да не се врши палње на отпад и друг горлив материјал.

Да не се фрлат отпушоци од цигари и догорчиња.

Доколку се забележи пожар на отворен простор, граѓанска должност е на секој граѓанин е до го пријави до надлежните институции. Од брзината и точноста на информацијата, зависи и успехот на акцијата за гасење и контрола на пожарот.

Доколку се затекнати лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции.

Пожарот може да се пријави на 192 -Полиција, 193 – ТППЕ ( Територијална противпожарна единица), 195 – РЦУК (Регионален центар за управување со кризи), 632-274 – РЦУК Радовиш, 635-397 -Пожарна Радовиш, 634-105 -МВР ПС Радовиш и 617-700- Општина Радовиш“, стои во апелот до граѓаните од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе