Струмица
Од денеска во Струмица стартува вакцинацијата на првата група граѓани над 77 години

Published
3 недели agoна
By
Media Press
Во Струмица вчера пристигнаа 600 дози вакцини „AstraZeneca“, а вакцинацијата на првата група пријавени граѓани постари над 77-годишна возраст, како што информираше директорката на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, Љубица Митева започна од денеска, среда, 31 март во 07:00 часот.
Вакцинирањето се спроведува во Службата за спортска медицина која работи во рамките на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, согласно пријавувањето кај матичните лекари, преку „Мој термин“.

Националниот систем „Мој термин“ од вчера од 19:00 часот ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на гараѓани што се опфатени во првата фаза и спаѓаат во ризичната група на граѓани над 77 години, од Националната стратегија за ковид-имунизација.
Поврзани содржини
200.000 дози кинески вакцини се очекува да пристигнат на 28 април, во тек е вакцинација на граѓани од 73 и 74 години
Започна вакцинирањето на воспитно-образовниот кадар од Општина Радовиш
Кои лица први ќе се вакцинираат со вчера пристигнатите вакцини
Во недела пристигнуваат првите 24.000 вакцини на „Астра Зенека” преку Ковакс системот
Одобрен е Анексот на Договорот за набавка на вакцини одобрени од СЗО за употреба во итни случаи
Филипче нема да биде меѓу првите кои ќе се вакцинираат, имаат предност вработените од ковид центрите
Струмица
Украла чанта со пари и ги закопала во својот двор, полицијата ги вратила на сопственикот

Published
5 дена agoна
април 13, 2021By
Media Press
Жена од струмичко отишла на гости и украла чанта со пари, по што ги закопала во својот двор.
„Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Имено на 29 март пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути. На 07 април полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот, информира МВР.
Струмица
Притвор за момче од Струмица кое силувало девојка и за уште две лица кои му помогнале во намерата

Published
7 дена agoна
април 11, 2021By
Media Press
На 09 април во петокот Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против И.Д. (18) од Струмица, со престојувалиште во село Банско, струмичко, М.Д. (21) и А.Д. (25) и двајцата од село Банско, поради тоа што на 08.04.2021 околу 17:40 часот на ул.„Невена Стојкова“ И.Д. извршил обљуба врз 18-годишна девојка од струмичко село,, а М.Д., А.Д. и уште две лица му помогнале во намерата.Лицата набрзо биле лишени од слобода и по обезбедените докази на 09.04.2021 година биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, кој на тројцата им определил мерка притвор.
Струмица
Кривична пријава против три лица од Банско, струмичко кои организирале свадбена веселба

Published
1 недела agoна
април 8, 2021By
Media Press
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 28 февруари пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби.

Деновиве активно се работи на санација на кровот на ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш

Три нови струки во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш кои ќе бидат и финансиски поддржани

Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Десетте општини во регионот започнуваат со активности за првото ларвицидно прскање против комарци
