Connect with us

Македонија

Левица: Лидерската средба Заев-Мицкоски ќе биде од корист за Републиката само ако се договори Македонска национална платформа

Media Press

Published

на

Политичката партија Левица, по повод денешната закажана средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, го потенцира ставот дека ваквата средба на лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија би имала смисла единствено ако тие конечно се договорат за носење на долгоочекуваната Македонска народна платформа, како пандан на Тиранската – околу која, во иднина, би се обединил целиот конститутивен македонски народ.

„Ја истакнуваме суштинската потреба од носење на ваква стратегиска Македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ, од страна на лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат нашите државни црвени линии – на внатрешен и на надворешен план – а кои ќе пружаат заштита и сигурност на македонските граѓани од великоалбанските и великобугарските национал-шовинистички претензии, кои денес се повампирени поради сервилноста на Владата на Заев.

Предлагаме оваа Македонска платформа задолжително да ги содржи овие пет точки, кои би се сметале за трајно затворени прашања и прашања кои, во иднина, би биле непреговорливи во процесот на ЕУ интеграции, како и во процесот на создавање на сите идни политички коалициони влади во Македонија, без оглед на тоа кој ќе ги предводи:

-Се гарантира унитарноста на Република Македонија и се осуетуваат сите обиди за нејзина идна кантонизација или федерализација;

-Се потврдува секуларноста на државата и немешањето на верските организации и лидери во политичките прашања;

-Се гарантира неповредливоста на територијален интегритет на Република Македонија и ќе се осуети секој обид за иредентизам или сецесија на било кое малцинство;

-Се гарантира должната почит кон државните симболи и инсигнии (грб, знаме и химна); и

-Се става мораториум за преговарање за македонските идентитетски прашања со било кој и било каде (име, јазик, култура, историја, национален идентитет и слично)“, стои во реакцијата од Левица

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Бројот на новозаболени забрзано расте, денеска 164 нови случаи на Ковид-19

Media Press

Published

на

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.

Пријавени се три починати лица : две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови во Југоистокот е следна:
Струмица 4150, Активни 21
Гевгелија 2197, Активни 2
Радовиш 1165, Активни 4
Валандово 674, Активни 7
Богданци 494, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Share

Прочитај повеќе

Македонија

Од септември само електронски дневници во училиштата, печатените остануваат во минатото

Media Press

Published

на

Според соопштението од Бирото за развој на образованието, од септември наставниците веќе ќе немаат обврска податоците и оценките за учениците да ги внесуваат и во печатен и во електронски дневник. Од новата учебна година во основното и средното образование во употреба ќе бидат само електронските.

Електронската евиденција ќе ја водат околу 25.000 наставници и професори. Како што се прави со хартиените дневници, во електронските тие ќе треба да ги внесуваат оценките на учениците, но и изостаноците и другите активности.

Како што соопштуваат од Бирото за развој на образованието, наставниците извесно време барале да бидат ослободени од водење двојна евиденција, и во хартиените дневници и во електронските.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонија во портокалова фаза, работодавачите да ги почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран

Media Press

Published

на

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните два дена, среда 04 август и четврток 05 август, велат од Министерството за труд и социјална политика од каде потенцираат дека поради тоа треба да се почитуваат општите мерки..

Општите мерки предвидуваат ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачи на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, велат од МТСП.

Прочитај повеќе