Connect with us

Гевгелија

Македонските транспортери денеска со предупредувачки протест за промена на одлуката на грчката влада

Media Press

Published

на

Денеска со почеток во 15 часот, започна  протест на македонските транспортери поради продолжување на рестриктивните мерки што ги воведе грчката влада.

Како што информираат од АМЕРИТ, секогаш се на страна на транспортерите, и по големиот број на барања за оддржување на протест, ги запази сите законски мерки за пријавување на одржување на протест.

Протестот ќе трае од 15:00-19:00 часот, предупредувачки протест за промена на одлуката на грчката влада. На истиот, ќе се договорат идни мерки, доколку не се исполнат нашите барања, заеднички и со поддршка од грчката асоцијација на транспортери ОФАЕ.

Како што велат од АМЕРИТ постојат три приоритети за кои протестираат:

– 24/7 работно време на Евзони;

– Отварање со целосно или делумно работно време на Дојрани и Меџитлија и

– Мерење температура на возачите, а тест само доколклу има симптоми за тоа.

„Транспортерите со своите возила ќе бидат пред граничниот премин Богородица, достоинствено и со строго почитување на мерките за заштита од Ковид-19 да се избориме заеднички за слободен проток на стоки и хуман третман на нашите возачи!“, велат од АМЕРИТ.

Гевгелија

Синоќа ставен под контрола пожарот кај „Богородица“, гаселе и армиски хелихоптери

Media Press

Published

на

Синоќа по 20:00 часот беше отворен за сообраќај граничниот премин „Богородица“, што беше затворен откако попладнево во негова близина избувна пожар, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

   По четиричасовната борба со пламените јазици кои го зафатија шумскиот појас крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола, потврдуваат и од општина Гевгелија.

Од ТППЕ- Гевгелија информираат дека пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајки ја и граничната караула на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило.

Во локализирањето на пожарот, покрај ТППЕ- Гевгелија, учествуваа и ЈПДК „Комуналец“- Гевгелија со механизација, Шумско стопанство- ПЕ „Кожув“- Гевгелија, граничната полиција и вработени од хотел „Фламинго“, хотел „Принцес“ и БП „Шимов“ со помош од воени хеликоптери успеаа да ги скротат пламените јазици и да ги спасат од поголема опасност објектите на потегот кон ГП „Богородица“.

           Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, кој постојано ја следеше и координираше работата за локализирањето на пожарот на самиот терен, изразува благодарност до сите учесници во гасењето на истиот.

        „Jа изразувам својата благодарност за херојството и интервенцијата на гевгелиските пожарникари, вработените од ЈПКД „Комуналец“ и Шумско стопанство- ПЕ „Кожув“- Гевгелија, вработените од хотел „Фламинго“, хотел „Принцес“, БП „Шимов“, граничната полиција и ПС- Гевгелија. Како и до ТППЕ и градоначалниците на Демир Капија, Неготино и Кавадарци кои веднаш излегоа во пресрет на барањето на Општинскиот кризен штаб и се придружија на сите нам во борбата со пламенот, придонесувајќи да се избегне катастрофа од поголем размер“, вели градоначалникот Поцков.

Тој апелира до граѓаните, за време на овие летни горештини да бидат внимателни при фрлањето отпушоци, земјоделците да не ги палат стрништата и земјоделските отпадоци и да ја почитуваат забраната на Владата за посета на шумските предели! Како би ја отстраниле опасноста од предизвикување материјални штети и загрозување на човечки животи.

Прочитај повеќе

Гевгелија

ТППЕ- Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ се справуваат со пожарот на македонско-грчката граница

Media Press

Published

на

     Гори во пламен шумскиот појас на македонско-грчката граница.

Имено, во текот на попладневните часови, околу 13 часот, изби пожар во ридските предели крај автопатот на македонско-грчката граница. Пожарот е близу хотел „Фламинго“ и бензинската пумпа „Шимов“. Моментално, ТППЕ- Гевгелија со две возила и мобилизирани пожарникари, како и вработени од ЈПКД „Комуналец“ со едно возило и механизација се на терен и преземаат мерки за локализирање на истиот.

Според информациите од ТППЕ- Гевгелија, пожарот зафаќа борова шума, а огнените јазици се шират кон грчката територија. Од страна на надлежните, се информирани и грчките пожарникари. Засега, не се познати причините за настанување на елементарната непогода.

            Општина Гевгелија и ТППЕ- Гевгелија ги потсетуваат граѓаните на одговорно однесување во услови на невообичаено високи температури кога и едно најмало невнимание може да предизвика огнена стихија со катастрофални последици.

Инаку од вчера, пожари беснеат на неколку локации во Македонија, најголем беше пожарот кој синоќа го зафати Кочани.

Прочитај повеќе

Гевгелија

88 реонски попишувачи и 9 реонски инструктори ќе бидат примени за Пописен реон кој ги опфаќа Гевгелија и Дојран

Media Press

Published

на

     Во тек е јавниот конкурс објавен од Државниот завод за статистика за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори.

 За Пописен реон 11 (Гевгелија-Дојран) потребни се 88 попишувачи и 9 реонски инструктори. Условите за пријавување на Конкурсот се: кандидатите да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено минимум средно образование, да се невработени и да знаат да работат на компјутер.

            Пријавувањето се врши електронски, со пополнување на е-пријава која секој заинтересиран може да ја најде на веб-страната на Државниот завод за статистика. Конкурсот трае заклучно со петок, 5 август, 2021 година.

Претходно пријавените и избрани кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори (март, 2021 година) доколку се’ уште се заинтересирани да учествуваат во спроведувањето на Пописот 2021, треба повторно да се пријават на новообјавениот конкурс.

 Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се реализира во периодот од 5 до 30 септември, 2021 година.

Прочитај повеќе