Ќе остане ли Спортската сала во Радовиш без електрична енергија, што се дискутираше на одржаната 55 седница на Совет
Советот на Општина Радовиш ја одржа 55 седница на која според предвидениот дневен ред беа разгледани и усвоени завршните сметки на образовните и јавни институции во општината за 2020 година. Односно усвоени беа завршните сметки на основите училишта во Општина Радовиш и на средното училиште „Коста Сусинов“, како и завршните сметки на детската градинка „Ацо Караманов“, на центарот за култура „Ацо Караманов“, Општинската библиотека „Браќа Миладиновци“ и на ЈП Плаваја, Радовиш.
На почетокот беа поставени и неколку советнички прашања но основното прашање беше зошто градоначалникот на Општина Радовиш и раководителот на одделението за урбанизам, не се присутни за да одговорат на истите.
Советникот Енис Омер кој пристигна на седницата со задоцнување, се извини од името на градоначалникот Конзулов за кој рече дека биле на средба со сериозен инвеститор, кој бил заинтересиран да инвестира во Општина Радовиш, па од оправдани причини неможел да присуствува на седницата.
Советникот Бојан Митевски повторно со прашање, што е направено околу концесијата од Рудникот Бучим.
Во врска со ова прашање со кое е засегната целата општина, побаравме одговор од градоначалникот Конзулов.
„Благовремено до Министерството за економија има
поднесено иницијатива од страна на градоначалникот,
за промена на Законот за минерални
суровини и го очекуваме одговорот, бидејќи случајот со рудникот Боров Дол е за прв
пат во Македонија, рудното тело да опфаќа три општини. И затоа е потребно да се
произнесе Министерството за економија преку свој експерти за таа намена“, вели
градоначалникот Конзулов во својот одговор.
Во продолжение на седницата меѓу другото беше ставен на разгледување финасискиот извештај на Спортската сала за 2020 година, за кој подетално образложение даде директорката Марија Станковиќ и околу кој се разви дискусија.
Директорката Станковиќ побара одржување на вонредна седница на Советот со цел да се изгласа Предлог- одлуката за одобрување финасиски средства на Спортската сала, која не беше прифатена како дополнителна точка во дневниот ред на предлог на градоначалникот Конзулов за оваа седница, бидејќи спортската сала како што рече, од денеска ќе биде исклучена од електричлн енергија.