Радовиш

Вкупно 1347 нови случаи во државата, 82 во Југоистокот, голем број новозаразени и во Радовиш

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.347 нови случаи на коронавирус, 17 лица починаа, а 451 лице оздравело, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 4.096 тестирања, а регистрирани се 1.347 нови случаи на КОВИД-19, најголем број повторно во Скопје. Во регионот се регистрирани вкупно 82 нови случаи, во Гевгелија – 34, Струмица – 25, Радовиш – 12, Валандово – 7, и Богданци 4.

Регистрирани се 451 оздравени пациенти.

Пријавени се вкупно 17 починати лица во државата, на возраст од 23 –90 година, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Нема починати лица од Југоисточниот регион. Бројот на починати во Македонија се искачи на 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030.

Досега во земјата се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago