Радовиш

РК Радовиш со нов тренер, Бошковски доаѓа на местото на Љупче Мијалов, кој си поднесе оставка

Како што дознаваме од раководството на РК Радовиш, македонскиот ракометен стручњак Андон Бошковски е новиот тренер на тимот на Радовиш, но ќе има помош и од Мијалов.

Радовишани, иако во изминатитот мериод донесоа неколку засилувања, неочекувано останаа без бодови  на последните натпревари, па на местото на Љупче Мијалов доаѓа Бошковски со долгогодишно тренерско искуство.

Бошковски од вторник е во Радовиш а вчера го одржа првиот тренинг со радовишките ракометари. Своето деби во новиот клуб ќе го има в сабота против Тиквеш, а на клупата ќе му помага и досегашниот тренер Љупче Мијалов кој и понатаму останува во клубот.

Бошковск доаѓа од  Голден Арт КЛ7 а во својата кариера го има предводено Работнички, а потоа работеше во Металург, Вардар, македонската репрезентација,  една година работеше и во Романија, а две години беше селектор на Грузија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago