Connect with us

Регион

Откриени 45 прекршоци во акциска контрола над пешаци, на СВР Струмица

Media Press

Published

на

Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над пешаци.  Притоа, биле откриени 45 прекршоци, од кои 15 по акциската контрола и 30 останат прекршоци, кои биле соодветно санкционирани, информира СВР Струмица

Регион

Десетте општини во регионот започнуваат со активности за првото ларвицидно прскање против комарци

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започнува со активности за третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 хектари.

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион дека првото ларвицидно прскање ќе се изврши во период од 20 до 22 април 2021 година, со следниот распоред:

На 20.04.2021 година (Вторник), во период од 09 до 16 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.

На 21.04.2021 година (Среда), во период од 09 до 16 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

На 22.04.2021 година (Четврток), во период од 09 до 16 часот во општините Радовиш и Конче.

 Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Прочитај повеќе

Регион

73 нови случаи на Ковид 19 во Југоистокот во текот на вчерашниот ден, најголем број во Струмица

Media Press

Published

на

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на КОВИД-19, од нив 73 во Југоистокот. Најголем број повторно во Струмица 22, Валандово 18, Гевгелија 17, Радовиш 13, Богданци 2, Дојран 1.

Пријавени се вкупно 27 починати лица: 12 од Скопје (60г, 65г , 66г, 66г, 69г, 73г ,74г, 77г 78г, 78г, 79г и 82г), по 3 лица од Битола (60г, 66г и 79г) и Охрид (58г, 66г и 77г), по 2 починати лица од Куманово ( 59г и 75г) и Тетово (54г и 68г) и по едно лице од Прилеп (86г), Велес (56г), Гостивар (76г), Струмица (73г) и Кичево (63г).

Регистрирани се 1.152 оздравени пациенти од: Струмица 30 Гевгелија 15 -Радовиш 12 Валандово 4 Богданци, Дојран по 2 .

Досега во земјата се направени вкупно 674.378 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.

Прочитај повеќе

Регион

Полицијата се почесто открива случаи на трговија и производство на дрога во Југоисточниот регион

Media Press

Published

на

Полицијата се почесто открива случаи на трговија и производство на дрога во Југоисточниот регион. Речиси секојдневно во полициските билтени стои дека се поднесуваат кривични пријави за оние кои се откриени.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ.(43) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02 април на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници запреле патничко возило во кое пријавениот бил сопатник и при преглед кај него бил пронајден и одземен хероин.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето М.М.(22) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено на 15 октомври 2020 година, полициски службеници извршиле претрес на дом и помошни простории на пријавениот во Богданци, при што пронашле и одзеле марихуана, семки од растението канабис и тетрахидтоканабинол.

Прочитај повеќе