Connect with us

Регион

84 нови случаи на Ковид -19 во текот на вчерашниот ден во Југоисточниот регион, најголем број во Струмица

Media Press

Published

на

Во изминатите 4 недели бројот на заразени од коронавирус константно се зголемува. Само вчера потврдени беа 1.293 новозаразени од 4.094 тестирања, што е 31 отсто. Претходните денови бројката се движеше околу 1000 нови случаи дневно.  Во регионот регистрирани се вкупно 84 нови случаи во текот на вчерашниот ден. Најголем број во Струмица 33, Радовиш 18, Гевгелија 17, Валандово 11, Богданци  4 и Дојран 1 лице.

 Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години, меѓу кои и едно лице од Радовиш.

Во моментот  активни се 12.819 случаи на заразени со ковид-19 во целата држава. Во болниците се хоспитализирани над 1.000 пациенти со комликации од вирусот, а има 280 празни кревети во ковид-центрите.

Во  Југоисточниот регион, се евидентирани околу 700 лица како активни случаи а секојденвно се регистрираат и починати пацинети од регионот.

Засега сепак, нема да се воведуваат нови ограничувања, а на сила останува забраната за движење од 22 до 5 часот.

Како што посочи министерот за здравство, состојбата не бара воведување построги мерки, но постојано ќе се следи и следната недела Комисијата пак ќе има состанок кога ќе одлучи дали ќе има потреба од рестрикции.

Регион

Трето прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот регион

Media Press

Published

на

Трето прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 03 до 05 Август 2021 година, со следниот распоред:

На 03.08.2021 година (Вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.

На 04.08.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица.

На 05.08.2021 година (Четврток), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Прочитај повеќе

Регион

Објавени се броевите на кои граѓаните од Југоистокот можат да закажат вакцинација во домашни услови

Media Press

Published

на

Од денеска започнува закажување вакцинација во домашни услови. Граѓаните кои од здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт да се вакцинираат ќе можат тоа да го сторат во домашни услови.

Закажувањето е преку јавување во здравствените домови или член од семејството, роднина, пријател, познаник може да им закаже домашна посета за вакцинирање со директно пријавување на пунктовите за вакцинација.

Министерството за здравство ги објави броевите на здравствените домови на кои може да се закаже вакцинацијата со домашна посета. Граѓаните од  Југоистокот за домашно вакцинирање можат да закажат на следните броеви:

Здравствен дом Радовиш – 070 357 770,078 319 452 закажување од 13 до 14:30 часот;

Здравствен Дом Валандово – 078 453 381 закажување од 11 до 13 часот;

Здравствен дом Струмица – 034 321-380 закажување од 09 до 13 часот;

Здравствен дом Гевгелија – 075 276 974 закажување од 10 до 12 часот;

Прочитај повеќе

Регион

Пријавени деца за вакцинација и од Југоистокот, најмногу од Струмица

Media Press

Published

на

Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади од 12 до 18 години. Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до вчера напладне вкупно се пријавиле 1623 деца и млади. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето.

Најголем број пријавени деца и млади од општините во Југоистокот има во Струмица 43, Гевгелија 40,  а во останатите градови бројките се под 10 пријавени, информираат од Министерството.

Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 2.866 тестирања, регистрирани се 26 нови случаи со Ковид-19.

Прочитај повеќе