Connect with us

Струмица

ВИДЕО: Групна тепачка во центарот на Струмица

Media Press

Published

на

https://www.facebook.com/watch/?v=215029330358263

Видео на кое се гледа групна тепачка во центарот на Струмица, во која дестина лица брутално претепуваат едно лице, денеска на социјалните мрежи масовно се споделува.

Видеото е објавено на страницата „Струмица онлајн“ пред неколку часа, и во него јасно се гледа дека голем број на граѓани го гледаат настанот.

Засега од СВР Струмица не излегуваат со официјални информации, единствено потврдуваат дека случајот бил пријавен во полиција денеска во 12 часот.

https://www.facebook.com/watch/?v=215029330358263

Струмица

Организацијата на жени од Струмица, одржа презентација на клучните приоритети на жените

Media Press

Published

на

Во рамките на кампањата 16 дена Ативизам против родово базирано насилство, а во организација на Организацијата на жени од Струмица, се одржа презентација на клучните приоритети на жените од три заедници, населените места Добрејци и Дабиле и 6-урбана заедница во градот.

Градоначалникот Костадин Костадинов ги поздрави учесниците на презентацијата потенцирајќи дека Струмица е и останува родова сензитивна Општина.

„Овој проект е уште една потврда за добрите практики и политики на нашата Општина и поддршката што ја даваме на невладиниот сектор. Овде и сега го гледам резултатот од враќањето на Јавните собири во урбаните и месните заедници и Форумите во заедницата – Буџетски форум 2021/2022 година. Партиципативното учество на граѓаните во креирањето на буџетот и подигање на повисоко ниво на транспарентноста и отчетноста на Општината ќе бидат мои приоритети во овој мандат. Ме радува што денеска разговараме за утврдените потреби и приоритети на жените во нивните места на живеење, а евидентирани од Организацијата на жените од Струмица која работи на јакнење на капацитетите на жените и идентификување на нивните проблеми. Да се слушнат потребите на жените е од суштинско значење бидејќи сеуште превладуваат стереотипите дека улогата на жената е во домот, во грижата на децата и старите лица. Време е да ставиме крај на тие стереотипи и мислам дека заедно сме на добар пат“, рече градоначалникот Костадинов.

Потврдувајќи ја својата поддршка на сите активности, Костадинов најави дека во неговиот градоначалнички мандат ќе работи за рамноправна застапеност на жените во раководните структурии во општинските институции 50-50, развој на женското претприемништво и формирање на здружение на бизнис жени.

Прочитај повеќе

Струмица

За пет дена во Струмица имунизирани околу 1300 лица против сезонски грип

Media Press

Published

на

За пет дена колку што трае вакцинацијата против сезонскиот грип, во Струмица имунизирани  околу 1300 лица. Од центарот за јавно здравје велат дека споредбено со лани бројот на граѓаните кои сакаат да се заштитат од  грип бележи зголемување, како за бесплатните така и за комерцијалните вакцини.  Вообичаено, најмногу интерес има претежно возрасни граѓани над 65 години.

Имунизацијата против сезонски грип центарот за јавно здравје Струмица  ја  реализирана на четири пункта од кои едниот е во Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Градоначалникот на Струмица се откажа од службеното возило

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов се откажа од службеното возило а советниците ја изгласаа ваквата одлука на втората седница на Совет.

На седницата беше донесена одлуката на предлог од градоначалникот Костадинов за продажба на службеното возило наменето за градоначалникот, а средствата од продажбата ќе бидата наменети за Младинскиот културен центар.

Прочитај повеќе