Општина Радовиш објави JАВЕН КОНКУРС за распределба на средства од Буџетот на здруженија на граѓани од областа на културата за 2021 година
Општина Радовиш денеска 17 март објави JАВЕН КОНКУРС за распределба на средства од Буџетот на општината, на здруженија на граѓани од областа на културата за 2021 год. Конкурсот е објавен согласно донесената годишна Програма за активности од областа на културата во општина Радовиш и донесениот Буџет за 2020 година.
Потребни
документи за поднесување се :
–
Програма за работа со финансиски план за 2021 год. (усвоен од Управен одбор);
Се напоменува дека заради сеуште актуелната
ситуација со пандемијата од Covid 19 и намалените предвидени програмски активности,
приоритет ќе биде даден на проекти за набавка на опрема и инвентар, одржување
на простории и подобрување на услови за работа, издаваштво и публикации и сл.
–
Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш во
текот на 2020 година (усвоен од Управен одбор);
–
Тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);
–
Kопија од завршна сметка (доколку имат приход поголем од 2,500€) или Одлука од
Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500€);
– потврда за отворена и активна жиро сметка.
Период за доставување на документите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на јавниот конкурс, заклучно со 23 март годинава.
Пријавите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш. Со назнака : За јавен конкурс бр.
Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани, стои во објавата на конкурсот.