Connect with us

Конче

Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци- Општина Конче, преку изградба на плочест пропуст

Media Press

Published

на

Во соработка со Министерството за транспорт и врски и Светска Банка веќе е објавен  тендерот за „Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци – Општина Конче“.

„Станува збор за изградба на плочест пропуст преку Дединска река и рехабилитација на патот од двете страни на пропустот со што ќе го решиме долгогодишниот проблем на ова место“, вели градоначалникот Благој Илиев.

 Средствата за овој проект се обезбедени од „проект за поврзување на локални патишта“ на Владата на Република Македонија, Мин.транспорт и врски и Светска Банка, а проектната вредност на поектот е околу 2.2 милиони денари.

Конче

Одобрени 18 милиони денари за проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче“

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев денеска го потпиша договорот за изведба на проектот „Фекална канализација за дел од с.Конче во Општина Конче“ со вредност од околу 18 милиони денари.

„Проектот опфака канализационен крак во должина 3150 метри со кои ќе бидат опфатени сите домаќинства и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваме од старата канализациона мрежа“, вели градоначалникот Илиев.

 По разговорот со преставниците на инвеститорите и финансиерите, додава Илиев,  дека во најкраток период се планира да се започне со започнување на градежните активности.

Договорот е потпишан помеѓи градоначалникот Илиев, заедно со Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и Управителите на ТАВ МАКЕДОНИЈА Метин БАТАК и Нејат КУРТ.

Прочитај повеќе

Конче

Пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва во Општина Конче

Media Press

Published

на

Вчера околу  09.45 часот при преземање на координирани мерки од страна на полициски службеници од Полициска станица Радовиш и вработени во Шумска полиција Радовиш, на место викано „Скрин Дол“, атар на село Долни Липовиќ, општина Конче, биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва.

Дрвата се предадени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Плачковица – Радовиш.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче завршува уште еден приоритетен проект во програмата

Media Press

Published

на

Општина Конче завршува уште еден приоритетен проект во програмата „ИЗГРАДБА НА ДЕЛ ОД ЛОКАЛЕН ПАТ С.ЛУБНИЦА – С. СКОРУША.

Станува збор за проект со вредност од околу 7.5 милиони денари и е финансиран од  АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИКСА ПОДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ.

Локалниот пат е во должина 1.683 метри, со ширина на коловозот од 3.5 метри, 8 цевасти пропусит и ширина на банкини 1 метар.

„Со овој проект ќе овозможиме побрз и полесен пристап до селата Скоруша, Загорци и Гарван, кои долги години биле отсечени од централните населени места во нашата општина, поради што довело до голем број на миграции од овие села. Исто така овој пат е доста значаен и за развој на земјоделието со што се овозможува полесен пристап до обработливите земјоделски површини“, вели градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев.

Прочитај повеќе