Connect with us

Струмица

Кои дупки на улиците се ударни а кои не, е едно од прашањата на одржаната седница на Советот на Општина Струмица

Media Press

Published

на

Кои дупки на струмичките улици се ударни а кои не, е прашањето кое го постави советникот  Александар Донев на одржаната седница на Советот на Општина Струмица,  во врска со извештајот за реализација на годишната  програмата за изградба, реконструкција  и одржување на патишта и улици на територија на општината, бидејќи според него дуките ги има на сите улици.

 Градоначалникот Коста Јаневски рече дека ударните дупки се мапираат  преку одделението за комунални работи при Секторот за урбанизам при Општина Струмица се излегува на терен и се ставаат во програмата  која што изведувачот треба да ја исполни.

 Во однос на вертикалната сигнализација Јаневски рече дека се поставени значителна бројка на нови знаци, а се санираат и старите, но прашање  е колку граѓаните одговорно се однесуваат кон нив.

А во однос на изградба на локални патишта Јаневски рече дека  постои и друга програма ФА каде има активности за изградба на нови патишта,  освен ЈД програмата.

Струмица

Општина Струмица денеска одбележува 9 години од големиот пожар во кој загинаа четворица струмички пожарникари

Media Press

Published

на

Денеска се навршуваат девет години од оној 23 јули 2012 година, кога големиот пожар предизвикан од човечки фактор, а кој избувна на струмичкиот рид, над периферијата од градот, беше причина четворица струмичани трагично да го загубат својот живот.

Струмица вечно ќе ги памети имињата на браќата Блажо Стојков и Пено Стојанов од Рич, Мите Ѓоргиев од Струмица и Војо Гркљанов од Вељуса кои храбро се бореа со огнената стихија и со натчовечки напори се обидуваа да спречат, огнените јазици да ги зафатат и куќите од горниот дел на градот.

Во знак на почит, претставници од Општина Струмица, положија свежо цвеќе пред Споменикот подигнат во нивна чест, а цвеќе положија и членови на семејствата и претставници на политички партии.

Прочитај повеќе

Струмица

Казни за возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената

Media Press

Published

на

Казни за 45 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.

СВР Струмица и во текот на вчерашниот ден презеде засилени мерки за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 45 пречекорувања на брзината, од кои 2 за управување со брзина помеѓу 50 и 70 километри на час над дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Струмица

Неколку струмичани станале жртви на лажни профили на фејсбук, откако претходно прифатиле да комуницираат со непознати лица

Media Press

Published

на

     

Прво ги намамиле на видео комуникација преку  фејсбук, а потоа ги уценувале со експлицитната содржина од видео материјалите.  Во Секторот за внатрешни работи Струмица, Отсек за компјутерски криминал во последниот период евидентирани се пријави на кривични дела „Уцена“ или „Злоупотреба на лични податоци“ сторени преку креирање на лажни профили на социјалната мрежа Фејсбук

Неколку струмичани станале жртви на лажни профили откако претходно прифатиле да комуницираат со непознати лица кои се претставувале дека се девојки од Македонија на возраст од  25 до 30 години.
        Имено, лицата преку овие лажни профили, во разговор со оштетените лица барале од нив да воспостават видео комуникација, а потоа без нивно знаење и согласност изготвувале фото и видео материјал со експлицитна содржина од комуникацијата со оштетениот, кој во понатамошна постапка им служел за уцена.
        Уцената ја вршеле на начин што од страна на лажните профили се барала уплата на пари со цел предметните фотографии и видео содржини да не завршат кај фамилијата на оштетените или нивните најблиски.
        Отсекот за компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица постапува по сите поднесени пријави. Сметките на кои требало да се уплатат паричните средства стекнати со уцената најчесто се од Брегот на Слоновата Коска. Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе достави барање до социјалната мрежа Facebook да ги утврди IP адресите од кои се регистрирани лажните профили, а побарана е и меѓународна правна помош.
        Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до граѓаните да не наседнуваат на уцени од ваков тип и да не споделуваат нивни фотографии или видео содржини со трети лица, со цел спречување на понатамошна злоупотреба на истите.    

Прочитај повеќе