До крајот на оваа работна недела истекува рокот од 30 дена во кој невработените лица кои ги надмиле роковите за пријава во евиденција, можат да ја регулираат својата обврска како активни или пасивни баратели.
Почнувајќи
од 19 февруари, Агенцијата даде рок од 30 дена, заклучно со 19 март 2021 година, до кога невработените лица треба да ја исполната
својата обврска. Невработените лица кои нема да ги исполнат овие обврски во рок
од 30 дена согласно Законот за вработување и осигурување во случај на
невработеност се бришат од евиденцијата на невработени лица и можат
повторно да се пријават по истекот на една година.
Од Агенцијата наведуваат дека согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, лицето кое е евидентирано како активен барател на работа е должно лично да се јавува во Агенцијата за вработување на секои 30 дена, а лицето евидентирано како пасивен барател на работа на секои шест месеци.
Од почетокот на корона кризата без работа, останале 18266 лица според
евиденцијата на Агенцијата за вработување .
Бројот
на невработени лица на крајот на февруари изнесува 159 608 лица што е за 927 лица повеќе во однос на јануари 2021
година. Во овој месец се евидентирани нововработени 3185 лица и 5440 кои
стекнале статус на невработено лице.
Најголем број од невработените се на возраст меѓу 55 и 59 години 21360 лица. Голем број невработени има и меѓу лицата на возраст од 24 до 29 години – 17764.
Со основно образование се евидентирани 85525 лица, со непотполно средно образование се евидентирани 15750, со средно 42749, со вишо образование 1407, со високо образование како невработени се евидентирани 13174. Како невработени се водат и магистри на наука 974 и доктори на наука 29 лица.