Connect with us

Радовиш

Опозициската советничка група при Советот на Општина Радовиш со Реакција во врска со изјавата на директорката на Спортската сала

Media Press

Published

на

Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата при Советот на Општина Радовиш, со Реакција на вчерашната изјава на директорката на Спортската сала во Радовиш Марија Станковиќ, во однос на неизгласаните Предлог одлуки на седница на Совет за одобрување на финансиски средства од општината.

„На продолжената 53-та седница на советот на општина Радовиш на 10.03.2021 беа разгледани точките кои се однесуваат за спортската сала во Радовиш, а не како што беше пренесено дека седницата била прекината. Сакаме да информираме дека за тие точки беа побарани извештаи за работата и образложение за состојбaта во која се наоѓа спортската сала. Бидејќи сакавме да ја утврдите фактичката состојба, денес нашата советничка група беше во посета на СРЦ и разговаравме со дирeкторката за моменталните проблеми во работењето на истата. Бидејќи никој не ја известил вд директорката дека треба да дојде и да се произнесе по точките, ние ја поканивме на наредната седница да ги образложи проблемите пред сите советници и пред граѓаните за да може да се добие целосна слика зошто се плаќаат огромни суми од џебот на граѓаните за струја и вода. И прашуваме зошто не се заменети рефлекторите со поекономични светилки и не се санираат дефектите со протекување на вода во соблекувалните за да не скапуваат ѕидовите?“, стои во рекацијата од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Радовиш

Вечерва во општините Радовиш и Конче ќе се изврши последното прскање против комарци за ова лето

Media Press

Published

на

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира трето адултно прскање по земјен пат против комарци.

На 03 август односно вечерва  во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче ќе биде извршено прскањето  против комарци по земјен пат. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. 

          Согласно договорот и препорачаните интервали за навремено прскање против комарци oд страна на Центрите за јавно здравје за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци, во општините во регионот ова е последниот третман по земјен пат, односно теристичка, аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ метода.

Прочитај повеќе

Радовиш

Кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, за „компјутерска измама“ на фирма од Радовиш

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава  за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон.
Осомничените во повеќе наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прикривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата .
Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил 4 уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.
Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15.006.000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе го гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод, одобрени се 23 милиони денари

Media Press

Published

на

Сепак ќе се гради локалниот пат покрај Радовишка река до градскиот водовод во Радовиш, во должина од три километри. Денеска градоначалникот Герасим Конзулов го потпиша договорот за одобрување на средствата во износ од 23 милиони денари.

„Конечно одговор за сите што ме прашуваа ( и оние кои се сомневаа) дали ќе се гради патот по течението на Радовишка реката до градскиот водовод.
Денес во Скопје го потпишав Договорот со Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак“, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Станува збор за договори од третата група општини за реализација на инфраструктурните проекти од ТАВ програмата.

„Овој проект беше едно од ветувањата до граѓаните и посебно сум задоволен што ќе го изградиме овој патен правец кој има големо локално значење“ додава Конзулов. Работните активности ќе стартуваат од 15 септември, годинава.

Инаку овој локален пат, радовишани најчесто го користат за пешачење покрај реката, но и за посета на манастирот Свет Архангел Гаврил.

Прочитај повеќе