Connect with us

Македонија

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД): Доста веќе вести за Каракачанов, кога ќе се извини Бугарија на Македонските евреи за депортацијата?

Media Press

Published

на

На 11 март 2021 година се одбележуваа 78 години од депортацијата на 98% од Евреите од Македонија во нацистички логор за истребување. Обединетата македонска дијаспора (ОМД) прашува: Доста веќе вести за Каракачанов, кога ќе се извини Бугарија на Македонските евреи за депортацијата?

„Бугарската нацистичка армија насилно исфрли 7.144 Евреи од нивните домови во Скопје, Битола и Штип во 1943 година и ги испрати во транзитниот камп во Тутунскиот комбинат во Скопје, од каде што беа испратени во Треблинка. Ниту еден од нив не преживеа.

Ова е потресен дел од македонската историја, којшто никогаш не треба да се заборави.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја повикува сегашната бугарска влада официјално да ја признае улогата што Бугарија ја играше за време на нејзината окупација на Македонија во Втората светска војна и да му даде официјално извинување на еврејскиот народ и на Македонија.

Во отворено писмо до Бугарија во декември 2020 година, еврејската заедница во Македонија рече:

„Јавно ја повикуваме Владата (или официјално избраните политички власти – премиер, претседател, претседател на парламентот) на Република Бугарија да се соочат со вистината за холокаустот против Евреите на окупираните територии за кои про-нацистичката влада во Кралството Бугарија во тоа време беше директно одговорна и да се извини и да прифати одговорност.

„Колку побрзо демократска Република Бугарија се соочи со болните и мрачни моменти од своето минато, помирувањето ќе биде можно, бидејќи негирањето на злосторствата е првиот чекор кон нивното повторување“.

Македонската влада направи голем напредок во зачувувањето на историјата на македонските Евреи со отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот во март 2011 година, еден од најголемите споменици и музеи на холокаустот во светот.

ОМД и Фондот за холокауст на Македонија започнаа стратешко партнерство и заедничка иницијатива за меморија на холокаустот во 2018 година, со цел заштита и унапредување на традициите и културите на македонската еврејска заедница.

Значаен чекор кон соочување со нејзиното про-нацистичко минато е сегашните бугарски лидери да го изразат својот длабок срам за извршените злосторства и да ги препознаат научените лекции од нив. Формалното извинување, по 78 години, е одамна потребно“ стои во апелот од ОМД.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

200.000 дози кинески вакцини се очекува да пристигнат на 28 април, во тек е вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Media Press

Published

на

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиуми информираше за текот на вакцинацијата во А1 арената „Борис Трајковски“, каде во моментов се одвива вакцинација на граѓани помлади од 75 години.

„Салата Борис Трајковски продолжува да работи како четврти пункт за вакцинација во Скопје и сите граѓани кои уште на почеток беа пријавени, а се на возраст под 75 години, односно 73 и 74 години ќе се вакцинираат тука во салата во следните денови. Вакцинацијата ќе биде со вакцините кои ни се на располагање. Спутник В тоа што останаа по завршување на вакцинирањето на критичната инфраструктура, дел од вакцините на Астра Зенека и донацијата од на ОАЕ а тоа е кинеската вакцина. Направен е распоредот, нешто поразвлечен заради тоа што сепак станува збор за постари граѓани, некои од нив доаѓаат со придружба, а согласно динамиката како ќе се одвива ќе се прави распоредот и за следните денови. Добро се одвива целокупниот процес на вакцинација и во салата Борис Трајковски, а и ширум пунктовите во државата“, рече министерот Филипче.

Потврден е и точниот датум на пристигнување на кинеските вакцини во количина од 200.000 дози и истите се очекува да ги добиеме на 28 април со што ќе се забрза динамиката на вакцинацијата и со истите ќе се опфати и поголема група граѓани.

-Следните вакцини на почеток на следната недела ги очекуваме од на компанијата Фајзер, според најавата на 19 април, 10.000 вакцини, на 26-ти уште 10.000 и има потврдата од кинеската амбасада дека кинеските вакцини треба да ги очекуваме околу 28-ми април, посочи изјави министерот.

Што се однесува до состојбата во болниците, тој посочи дека после оној мини пик, како што беше  голем притисокот на почеток на неделата, бројките сега се мали.-

„Вкупниот број новодијагностицирани повторно бележи пад, тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје, така и ширум државата. Тој притисок што го имаше претходно го нема. Се уште има пријави и се уште сме внимателни заради тоа што има голем број дијагностицирани пациенти на кои може да им затреба болнички третман меѓутоа не е таква бројката на приеми каква што беше пред една недела. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и дека дефинитивно ова се знаци дека и овој бран стивнува“, посочи министерот Филипче.

Прочитај повеќе

Македонија

Возрасни граѓани од 73 и 74 години можат да се пријават, има дополнителни слободни термини за вакцинација

Media Press

Published

на

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години. Термините се отворени од вечерва и граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација. Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизција со приоритет врз основа на возраст, во оваа фаза ќе бидат опфатени возрасни лица, односно постари – категорија што е опфатена со најголем број на хронични болести, со висок ризик за тешка форма на Ковид-19.

Инаку до вчера беа вакцинирани вработените во критичната инфрастрктура во МВР, во АРМ, во образование и во градикните.

Прочитај повеќе

Македонија

Цените за лекување од Ковид во приватните болници ќе се ограничат најмногу до 5000 евра

Media Press

Published

на

Со измените на Законот за здравствена заштита кои ќе бидат доставени до Собранието, ќе се регулира колку пари можат да наплатат приватните болници од пациентите заразени со коронавирус кои се на лекување. Според министерот за здравство Венко Филипче кога пратениците ќе ги изгласаат измените, болниците нема да можат да наплатат повеќе од 4.959 евра.

„Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани“ стои во објавата на министерот Филипче.

Прочитај повеќе