Connect with us

Македонија

Македонија нема да добие помош преку Фондот за солидарност на ЕУ, не направила доволно расходи

Media Press

Published

на

Како што информираат од Владата, за финансиска поддршка преку ФСЕУ се квалификувале расходи во здравствениот сектор настанати или предвидени да настанат во период од 4 (четири) месеци, сметано од датумот кога земјата која што аплицира официјално вовела одредени заштитни мерки или пак прогласила вонредна состојба. Референтен период во оваа смисла за земјата бил периодот 10.03. – 09.07.2020 год.

„Имено, поддршката од Фондот за силидарност на ЕУ беше условена со оптоварување врз јавните финансии со минимален праг од 1,5 милијарди евра (цени од 2011 год.) или 0,3% од бруто националниот доход (БНД) на потенцијалната земја-апликант. Во апсолутни бројки, во случајот на РС Македонија овој праг изнесуваше 30.852.000 евра и истиот не беше достигнат, со оглед на тоа дека износот на пријавените итни трошоци од институции/општини изнесуваше 7.670.831 евра“, соопштуваат од Влада.

Во април 2020 год., Европската Унија одлучи да го прошири опфатот на Фондот за солидарност на ЕУ (ФСЕУ) како резултат на кризата настаната со пандемијата од Ковид-19 и кон земји кои не се членки на Унијата. Искористувањето на средствата од овој Фонд зависи од исполнувањето на праговите поставени од страна на Европската Унија во однос на вкупните расходи кои земјата во определен период ги има насочено за справување со последиците од Ковид-19, информираат од владината прес -служба .

„Во таа насока, Секретаријатот за европски прашања подготви Информација за можноста за користење на Фондот за солидарност на Европската Унија за справување со финансиското влијание на Ковид-19 во здравствениот сектор. По обработката на собраните податоци, доставени од институциите и општините и нивното дополнување со податоци за склучени договори за Ковид-19 достапни на страната на Бирото за јавни набавки, беше констатирано дека РС Македонија не го исполнува основниот предуслов за користење на ФСЕУ“, стои во соопштението од Влада.

Македонија

Бројот на новозаболени забрзано расте, денеска 164 нови случаи на Ковид-19

Media Press

Published

на

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.

Пријавени се три починати лица : две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови во Југоистокот е следна:
Струмица 4150, Активни 21
Гевгелија 2197, Активни 2
Радовиш 1165, Активни 4
Валандово 674, Активни 7
Богданци 494, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Share

Прочитај повеќе

Македонија

Од септември само електронски дневници во училиштата, печатените остануваат во минатото

Media Press

Published

на

Според соопштението од Бирото за развој на образованието, од септември наставниците веќе ќе немаат обврска податоците и оценките за учениците да ги внесуваат и во печатен и во електронски дневник. Од новата учебна година во основното и средното образование во употреба ќе бидат само електронските.

Електронската евиденција ќе ја водат околу 25.000 наставници и професори. Како што се прави со хартиените дневници, во електронските тие ќе треба да ги внесуваат оценките на учениците, но и изостаноците и другите активности.

Како што соопштуваат од Бирото за развој на образованието, наставниците извесно време барале да бидат ослободени од водење двојна евиденција, и во хартиените дневници и во електронските.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонија во портокалова фаза, работодавачите да ги почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран

Media Press

Published

на

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните два дена, среда 04 август и четврток 05 август, велат од Министерството за труд и социјална политика од каде потенцираат дека поради тоа треба да се почитуваат општите мерки..

Општите мерки предвидуваат ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачи на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, велат од МТСП.

Прочитај повеќе