Министерство за финасии, Царинска управа со одговор на
прес конференцијата на Цветан Трипуновски, некогашниот директор на Државен
инспекторат за земјоделство во времето на претходната власт.
Трипуновски на прес конференција рече: „Додека домашниот тутун скапува власта врши нелегален увоз на тутун! ЈО, Царинската управа и другите надлежни органи веднаш да реагираат и да отворат постапка, и да утврдат дали во Македoнија нелегално се прави увоз на тутун и кој се е вмешан во целата процедура. Одговорност мора да има, како кривична така и политичка!“
Царинска управа
како одговор на прес конференцијата на Трипуновски:
„Во
врска со наводите изнесени на прес конференцијата одржана денес (10.03.2021 година) од страна на господин Цветан Трипуновски, Царинската управа ве
известува дека континуирано во изминатиот период од повеќе месеци презема
засилени активности преку криминалистички истраги во соработка со
надлежното Јавно обвинителство, во насока на откривање и прогон на лица
вклучени во нелегални дејствија во врска со промет на тутун.
Во таа смисла, во месец
ноември 2020 и јануари 2021 се поднесени две кривични пријави во кои се
опфатени три правни лица и три физички лица, а во таа насока истрагата е
продолжена и во тек е прибирање на сознанија и докази за евентуални незаконски
активности и на други физички и правни лица, меѓу кои и за споменатата
Студенац. За конкретниот предмет надлежното јавно обвинителството –
Куманово е веќе известено и до него се доставени докази по кои се
постапува. Царинската управа од страна на надлежното обвинителство има добиено
конкретни насоки и задолженија за понатомошно
постапување.
Во интерес на истрагата не може да дадеме подетални информации, но сметаме дека со изнесувањето на вакви информации во јавност, кои се дел од официјална истрага се прави штета на напорите за сузбивање на криминалот и запазување на законитоста во работењето“ стои во одговорот од Министерство за финасии Царинска управа.
ЦветанТрипуновски од ВМРО -ДПМНЕ денеска повторно се јави со реакција до јавноста.
„Драго ми е што Царинска управа се одважи и призна дека луѓе блиски до Љупчо Николовски шверцале тутун. Но признанието не е доволно, очекувам ефективни казни за сите вклучени во нелегалната трговија и увоз на тутун. Не може тутунарите да немаат за леб, а некој да прави милиони на нивен грб. ЈО да ја испита вклученоста и евентуалната помош, која шверцерите ја добиле од функционери во власта“ стои во реакцијата на Трипуновски.