Connect with us

Земјоделие

Одговор на прес конференцијата на Трипуновски (Трипуновски: додека домашниот тутун скапува власта врши нелегален увоз на тутун)

Media Press

Published

на

Министерство за финасии, Царинска управа со одговор на прес конференцијата на Цветан Трипуновски, некогашниот директор на Државен инспекторат за земјоделство во времето на претходната власт.

Трипуновски на прес конференција рече: „Додека домашниот тутун скапува власта врши нелегален увоз на тутун! ЈО, Царинската управа и другите надлежни органи веднаш да реагираат и да отворат постапка, и да утврдат дали во Македoнија нелегално се прави увоз на тутун и кој се е вмешан во целата процедура. Одговорност мора да има, како кривична така и политичка!“

Царинска управа како одговор на прес конференцијата  на Трипуновски:

„Во врска со наводите изнесени на прес конференцијата одржана денес (10.03.2021 година) од страна на господин Цветан Трипуновски, Царинската управа ве известува дека  континуирано во изминатиот период од повеќе месеци презема засилени активности преку криминалистички истраги  во соработка со надлежното Јавно обвинителство, во насока на откривање и прогон на лица вклучени во нелегални дејствија во врска со промет на тутун.

Во таа смисла, во месец ноември 2020 и јануари 2021 се поднесени две кривични пријави во кои се опфатени три правни лица и три физички лица, а во таа насока истрагата е продолжена и во тек е прибирање на сознанија и докази за евентуални незаконски активности и на други физички и правни лица, меѓу кои и за споменатата Студенац. За конкретниот предмет надлежното јавно обвинителството – Куманово  е веќе известено и до него се доставени докази по кои се постапува. Царинската управа од страна на надлежното обвинителство има добиено конкретни насоки и задолженија  за понатомошно постапување.   

Во интерес на истрагата не може да дадеме подетални информации, но сметаме дека со изнесувањето на вакви информации во јавност,  кои се дел од официјална истрага се прави штета на напорите за сузбивање на криминалот и запазување на законитоста во работењето“ стои во одговорот од Министерство за финасии Царинска управа.

ЦветанТрипуновски од ВМРО -ДПМНЕ денеска повторно се јави со реакција до јавноста.

„Драго ми е што Царинска управа се одважи и призна дека луѓе блиски до Љупчо Николовски шверцале тутун. Но признанието не е доволно, очекувам ефективни казни за сите вклучени во нелегалната трговија и увоз на тутун. Не може тутунарите да немаат за леб, а некој да прави милиони на нивен грб. ЈО да ја испита вклученоста и евентуалната помош, која шверцерите ја добиле од функционери во власта“ стои во реакцијата на Трипуновски.

Земјоделие

Заев: Ја поддржуваме иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот за да се откупи целата годишна реколта

Media Press

Published

на

Премиерот Зоран Заев на вчерашната седница рече дека како Влада ја поддржуваат иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот за да се откупи целата годишна реколта.

„Ја поддржуваме иницијативата да се одржи итна седница на Собранието за да се продолжи рокот за откуп на тутунот и да биде откупена целата годишна реколта и со помош на дополнителните 5 милиони евра од Пакетот 5 да им помогнеме на тутунопроизводителите да постигнат просечна цена од 180 денари по килограм“, истакна премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Тој информираше дека до сега се откупени 24,5 милиони килограми тутун и дека за откуп за оваа реколта се обезбедени 4 милијарди денари, односно 70 милиони евра.

„Ако Собранието постигне согласност за итна седница на Собранието за да се продолжи рокот за откуп до крајот на март наместо до крајот на февруари, ќе добиеме можност за откуп на целата реколта и наместо сегашната просечна цена од 165 денари ќе се создадат услови за постигнување на 180 денари по килограм тутун“, рече Заев од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања. 

Инаку законскиот рок за откуп на тутун завршува до крајот на февруари до недела, а се предлага истиот да продолжи до крајот на март.

Прочитај повеќе

Земјоделие

Левица: ПРОДАЖБАТА на државното земјоделско земјиште во приватни раце е чекор назад кон феудализам

Media Press

Published

на

Владата, преку премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими, најави продажба на државно земјоделско земјиште во наредните 3 години – 2021, 2022 и 2023. Ова распродавање на земјиштето е планирано да почне од втората половина на 2021 година. Владата планира продажба на 20 – 30% од вкупното државното земјоделско земјиште, кое според нивни проценки вреди повеќе од 2 милијарди евра, реагираат од Политичката партија Левица.

„Накратко, визијата на Владата за целта и условите под кои ќе се врши продажба на државното земјоделско земјиште како и причините за истото се следни:

– „Мора да се продава државен имот, бидејќи нема простор за задолжување“ – став на Бесими,- Обезбедување на 200 до 300 милиони евра од продажба на 20% од вкупните површини,

– Земјоделското земјиште во сопственост на државата, ќе можат да го купат физички и правни домашни лица, но и правни лица со странски капитал,

– Купувачот има обврска да го работи земјиштето, односно да отвори нови работни места,

– Земјиштето не смее да се преименува во градежно земјиште,

– Најголеми парцели ќе се продаваат низ Пелагонија и Овче Поле,- Најмала површина која ќе може да се купи ќе биде 10 хектари.

И покрај тоа што Македонија има благопријатни природни услови за земјоделство, сепак, очигледно тоа, не само што не е приоритет на властите, туку истото е апсолутно занемарено. Резултатите од ваквата незаинтересираност и несериозност се повеќе од очигледни. Секоја година имаме нови разочарани земјоделци – производители, кои, и покрај нивниот труд и производство остануваат социјално загрозени категории.

Ние како политичка партија, во врска со предвидената продажба на државното земјоделското земјиште сметаме дека, во никој случај не е прифатлива политиката на отуѓување на земјоделското земјиште во приватни раце, особено не негова продажба на странски капитал. Единствената причина на Владата за најавената распродажба на земјиштето е обезбедување на финансиски средства, бидејќи тие со недомаќинското и коруптивно работење ја ограбија и презадолжија државата, и сега бараат нови извори на финансии кои повторно ќе ги рапределат по приватни џепови.

Левица, државното земјоделско земјиште го смета за природен ресурс, кој го поседува оваа држава, заедно со сите други природни ресурси како: водата, шумите, рудните богатства. Следствено на тоа, овие ресурси му припаѓаат на народот кој живее овде.

Со отуѓувањето во приватни раце на земјоделското земјиште, државата се лишува од можноста за планско земјоделско производство, идни аграрни реформи, а се загрозува и производството на здрава храна за во иднина, бидејќи, питка вода и незагадена почва ќе бидат се’ повеќе реткост во иднина.

За крај, со најавена продажба на парцели со најмала површина од 10 хектари се исклучуваат ситните земјоделци, кои поседуваат мали земјоделски површини, со кои си обезбедуваат храна и материјални средства за живот. Тие како сиромашни не можат да си дозволат да купат површина од 10 хектари, и со тоа не можат да напреднат со земјоделско производство. Во овој случај купувачи ќе се јават само крупните и имотните земјопоседници, корпорации, странски компании, кои потоа ќе заработуваат од трудот на сиромашните земјоделски работници, изнајмувајќи им го земјиштето или вработувајќи ги на истото како аргати.

Со оваа мерка ќе се создадат услови за воспоставување на нов феудален систем на големи земјопоседници, а ќе се уништат малите земјоделци поради неконкурентност. Тоа ќе допринесе за дополнителна миграција и уништување на селата.Затоа застануваме во одбрана на земјоделците, селаните, и сметаме дека државата има обврска да ги заштити интересите на работниот народ, и да се спротивстави на појавата на тенденции на нов феудализам и експлоатација на земјоделците и работниците од страна на странски и домашни крупни капиталисти и земјопоседници“, стои во реакцијата до јавноста од Левица.

Прочитај повеќе

Земјоделие

Министерот Хоџа: Протестите на тутунарите ќе бидат прекинати до петок, закажана е заедничка средба со откупувачите!

Media Press

Published

на

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, денеска во Прилеп  остварија средба со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунските здруженија.

На средбата отворено беа искажани проблемите и незадоволството кај тутунопроизводителите од висината на откупната цена на тутунот од годинешната реколта. Иницијативниот одбор  своите барања му ги предаде на министерот Хоџа при што е постигнат договор за прекин на протестите и утврден е заеднички состанок  во петок на кој ќе присуствуваат и откупувачите на тутун.

„Им се заблагодарувам на претсавниците на Иницијативниот одбор за одлуката да ги прекинат протестите до петок, кога ќе биде и средбата.  Ако се постигне договор во петок, откупот ќе продолжи онака како што треба. Доколку нема договор, министерството ќе постапува врз основа на ингеренциите со цел да се заокружи успешно оваа година, без разлика на почетните проблеми“ изјави Хоџа.

Министерот Хоџа упати искрена заложба дека се што е во негова моќ и се што е во рамките на надлежностите на МЗШВ, ќе биде спроведено во насока на изнаоѓање на  решение.

Договорената количина за откуп на тутун на ниво на цела држава изнесува 23 милиони килограми. До овој момент, откупени се само 300.000 килограми, односно околу 1.5% што претставува значително многу мала количина.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата на терен, се до завршувањето на откупот на целокупната количина од годинешната реколта, велат од Министерството. 

Прочитај повеќе