Connect with us

Валандово

Занов: Бруто платата на вработените во ЈП Комунален сервис во Валандово во 2020 зголемена за 4 милиони денари

Media Press

Published

на

На одржанта седница на општина Валандово како точка на дневен ред беше ставен и финансискиот извештај на  ЈП Комунален сервис  за 2020, кој по презентацијата на истиот од страна на директортот на Јавното претпријатие, предизвика и дополнителни прашања.

  Директорот на ЈП Комунален сервис  рече дека нето добивката за 2020 година како резултат на разликата од приходите и расходите е 109 295 денари.  

Советникот Занов  од Советничката група на ВМРО -ДПМНЕ со прашања до директорот, колку е наплатата  за потрошените кубици вода од правните лица, како и дали Јавното претпријатие ако не добило помош од државата ќе било во минус од околу 500 илјади денари. Тој рече дека бруто платата во 2020 е зголемена за 4 милиони  денари во однос на 2019 и притоа побара одговоро на што се должи тоа.

Директорот на Комунален сервис појасни зошто се зголемени вкалкулираните бруто плати, а во однос процентот на наплата рече дека ќе бидат изговени посебни извештаи за секое населено место и ќе бидат доставени до советниците.  

Валандово

Приведено лице од Валандово за кое е распишана потерница

Media Press

Published

на

На 30 ноември во 16.30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги – Скопје, на место викано „Горно село“, Општина Богданци, го лишија од слобода Н.А.(24) од Валандово. За него била распишана Централна потерница за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија.

Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, информира МВР. 

Прочитај повеќе

Валандово

Во сообраќајна несреќа во Валандово повреден возач на мотоцикл

Media Press

Published

на

Вчера околу 15.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на крстосница од улиците „Првомајска“ и „Лазар Колишевски“ во Валандово се случила сообракајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А.(20) од Валандово и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Џ.К.(19) од село Дедели, валандовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Валандово

ВМРО-ДПМНЕ вечерва е во Валандово

Media Press

Published

на

ВМРО -ДПНЕ вечерва со митинг во Валандово. На граѓаните им се обрати кандидатот за градоначалник Тони Узунов и лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски ја спомна бугарската пилитика во која се бара промена на Уставот и внесување на бугарите малцинство во него. Тој рече дека треба да има реципроцитет, и македонците во Бугарија да бидат внесени во бугарскиот устав.

Прочитај повеќе