Connect with us

Радовиш

Дечињата од градинките во Радовиш со пригодна програма го честитаа 8-март денот на жената

Avatar

Published

на

Дечињата од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш со пригодна програма вчера и  го честитаа 8-ми март на своите мајки. Традиционално секоја година дечињата од градинките подготвуваат своја програма и пригодни подароци, одбележување на 8-март.

Со мало внимание, скромен подарок и пригодна прослава, секоја година се одбележува   Меѓународниот  ден на жената ,,8-ми Март,,  како празник посветен на жената.

  Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Традиционално машкиот пол купува поклон на понежниот пол и на тој начин и го честита празникот на жената, но и жените меѓусебно си подаруваат мало внимание, а помладите купуваат поклон на повозрасните,

Жените својот празник вообичано го прославуват со забава во хотели и расторани, но годинава поради пандемијата со Ковид -19 изостанаа ваквите прослави но не и излегувањето во расторан во ограничен број на гости по маса.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.  Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.

Избори 2024

Пендаровски од Радовиш: Мицкоски и Силјановска да се договорат што ќе прават со Преспанскиот договор

Avatar

Published

на

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше мешу граѓаните на општина Радовиш.

Од присутните, Пендаровски побара поддршка на 24 април и осми мај, затоа што само тоа е гаранција дека државата ќе продолжи по вистинскиот пат и ќе има претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа.

Осврнувајќи се на ставот на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ за преспанскиот договор и членството во НАТО, Пендаровски посочи дека во таа партија постои двојство дури и за најважните прашања.


„Искрено да ви кажам, не знам кој е ставот на опозицијата по тоа прашање, затоа што кандидатката на главната опозициска партија, има изјава каде што вели дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор треба кривично да одговараат, затоа што тоа наводно било велепредавство на државата. Во програмата што ја објавија сега пред неколку дена, истата таа госпоѓа вели дека најголемо достигнување било нашето членство во НАТО бидејќи со тоа била загарантирана безбедноста на државата, а едно без друго не бива. Како и за други прашања, има двојство, дури и во врвот на таа партија. Јас им предлагам, пред да излезат во јавност да се договорат меѓу себе инаку вака се брукаат пред целата македонска јавност“ порача Пендаровски од Радовиш.


Прочитај повеќе

Радовиш

Милошоски од Радовиш:Валадата од ВМРО-ДПМНЕ ќе додели поголем број на средства за Радовиш

Avatar

Published

на

На покана на Градоначалникот Ацо Ристов во посета на Радовиш беше членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Антонио Милошоски кој заедно со кандидатите за пратеници Моника Трајанова и Гоце Дединец имаа обиколка на инфраструктурните проекти кои се реализираат во општина Радовиш.

Во своето обраќање Милошоски истакна дека Владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе додели поголем број на средства за Радовиш, реконструкција на стоковната куќа и инфраструктурата ќе бидат во првите приоритети.

„ Би сакал да изразам благодарност за поканата од страна на градоначалникот и соработниците на Општина Радовиш. Од она што може да се забележи општина Радовиш во моментов има два крупни проблеми, првиот е еден мал скромен буџет, а вториот проблем е што самата централна власт на општината и прави опструкции со политички намери. Со промената на власта овие два проблеми за Радовиш ќе бидат надминати, затоа што новата влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да додели за секоја општина поголем број на средства секоја година и за тие средства да бидат искористени за корист на општината и граѓаните.

Реконструкцијата на стоковната куќа и нејзината пренамена во објект кој ќе го користат граѓаните и ќе биде од јавен интерес е еден од првите проекти на кој сакаме да дадеме поддршка на општина Радовиш.

Исто така би сакале да дадеме поддршка за сите оние околни населени места во општина Радовиш за да може инфраструктурата во тие места да биде поддржана и со средства од централната власт.

За да може тоа да се случи ние би сакале да има што поголема излезеност. За да се случат промените нас ни треба тоа да го направиме заеднички со сите граѓани без разлика на нивната политичка, национална или социјална припадност и мислам дека во овој случај победникот се насетува кој ќе биде.

Нам ни треба разликата да биде поголема по број на пратеници за да можеме како влада да не зависиме и да не бидеме уценувани од други политички субјекти и да ја постигнеме нашата политичка цел, формирање на влада во која нема да учествува ДУИ.

Сметаме дека оваа партија досега не направи добри работи, напротив, стана еден фактор на висока корупција и криминал и ВМРО-ДПМНЕ има намера во новата влада да не вклучува вакви субјекти за да можеме реформите и на државата и помошта на општините да ги спроведуваме на поефикасен начин# – рече Антонио Милошоски.

Прочитај повеќе

Радовиш

Целосна реконструкција на најпрометните улици во Радовиш

Avatar

Published

на

Општина Радовиш започна со целосна реконструкција на најпрометните улици во градот, а не крпење на дупки.  Денеска се асфалтираше улица Кеј 8-ми септември покрај течението на радовишка река.

 Ќе се реконструираат улици во должина од околу 6 километри истакна градоначалникот Ацо Ристов одговарајќи на новинарски прашања и притоа рече дека ова не е предизборна активност и дека станува збор за редовни градежни активности кои ќе продолжат и во наредниот период. Исто така тој рече дека продолжуваат градежните активности и на градскиот пазар.

Прочитај повеќе