Политика

Стоилковски: Зоран Заев знае дека губи, проѕирна е неговата игра, понудата за влада е обид сопствен спас

Наум Стоилковски на прес конференција изјави дека Зоран Заев ја нема довербата од граѓаните. Анкетите покажуваат дека не постои граѓанин кој што е задоволен од власта на Зоран Заев. 

„Проѕирна е играта на Зоран Заев. Неговиот предлог за широка влада во која што самиот тој би одбрал кој да раководи со ВМРО-ДПМНЕ, е најголемиот показател за разнишаната власт. Овој негов предлог е единствено за спас на неговата кариера. Обид за спас и бегство од правдата. Предлог – сламка за спас на неговата политичка кариера. Оркестрираното делување со некои поранешни министри, кои што повеќе не се во ВМРО-ДПМНЕ е факт дека Заев стои зад различните иницијативи создадени со цел да му го прикријат стравот. Но му се трошат коалициите. Предлогот на Заев за широка влада, но по негова волја за партнер во ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа и откако беше присилен од јавноста и меѓународниот фактор да го затвори оној чие што место сега го зазема, со намера да управува како со марионети со оние кои што треба да му одработат само и само за лична корист.“ – кажа тој

Тој дополнува дека дека паѓа Зоран Заев, граѓаните не го поддржуваат, анкетите покажуваат дека со него паѓаат и министерот за корупција и министерот за ширење зараза, и министерката за бришење на историјата од образованието, и министерот за неправда и политички прогон.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago