Connect with us

Политика

Стоилковски: Зоран Заев знае дека губи, проѕирна е неговата игра, понудата за влада е обид сопствен спас

Media Press

Published

на

Наум Стоилковски на прес конференција изјави дека Зоран Заев ја нема довербата од граѓаните. Анкетите покажуваат дека не постои граѓанин кој што е задоволен од власта на Зоран Заев. 

Проѕирна е играта на Зоран Заев. Неговиот предлог за широка влада во која што самиот тој би одбрал кој да раководи со ВМРО-ДПМНЕ, е најголемиот показател за разнишаната власт. Овој негов предлог е единствено за спас на неговата кариера. Обид за спас и бегство од правдата. Предлог – сламка за спас на неговата политичка кариера. Оркестрираното делување со некои поранешни министри, кои што повеќе не се во ВМРО-ДПМНЕ е факт дека Заев стои зад различните иницијативи создадени со цел да му го прикријат стравот. Но му се трошат коалициите. Предлогот на Заев за широка влада, но по негова волја за партнер во ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа и откако беше присилен од јавноста и меѓународниот фактор да го затвори оној чие што место сега го зазема, со намера да управува како со марионети со оние кои што треба да му одработат само и само за лична корист.“ – кажа тој

Тој дополнува дека дека паѓа Зоран Заев, граѓаните не го поддржуваат, анкетите покажуваат дека со него паѓаат и министерот за корупција и министерот за ширење зараза, и министерката за бришење на историјата од образованието, и министерот за неправда и политички прогон.

Македонија

Апасиев кон Џафери: „Честити царе, фараоне, од денес двојазичните материјали ќе ви ги враќаме“

Media Press

Published

на

„Честити царе, фараоне,  велик везиру Талат Џафери  ви се обраќам процедурално…. Ова што вие го правите претседателе со двојазични  материјали, е противуставно и противделовнички. Ние како Левица од денес  овие материјали ќе ви ги враќаме, ова на албански јас не го разбирам и барам во иднина да ни доставувате материјали исклучиво на македонски јазик“, вака пратеникот Димитар Апасиев се обрати кон претседателот на Собранието, во врска со кршењето на Уставот и Деловникот за работа во Собранието на РМ од страна на спикерот Талат Џафери.

 Притоа тој го скина делот од материјалите на албански и му го даде на Џафери, а оној со македоснки јазик го задржа. Пратениците од Левица се гневни што Законот за државјанство доби европско знаменце за да не биде блокиран и според нив тоа е шверцување на законот.

Прочитај повеќе

Македонија

(Видео)Левица ја прекинала комисиската расправа за предлог законот за државјанство

Media Press

Published

на

Пратениците од Левица ја прекинале расправата за предлог законот за државјанство на седницата на Комисијата за безбедност и одбрана, откако пратеникот
Димитар Апасиев зел збор.

„На тензичната расправа, дел од пратениците на
Алијанса и Алтернатива за Албанците, се заканија дека ќе биде прекинато
излагањето на пратеникот Апасиев. На заканите, пратеникот Апасиев
возврати дека тој не чита поезија, за разлика од некои кои читаат и дека
тој зборува на правни теми поврзани со државјанство.Во триесет години
парламентарна демократија, ниту една влада не се осмелила да одземе збор
на комисиска расправа“, соопштуваат од Левица.

„Димитар Апасиев објасни дека амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ се уште
се во сила, бидејќи повлекувањето на амандманите е од координаторот
Никола Мицевски, а не од секој пратеник поединечно кој ги поднесе
амандманите“, стои во соопштението.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: Македонија во должничко ропство – 8,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА е должна само кон надвор

Media Press

Published

на

Политичката партија Левица во Реакција до јавноста вели дека степенот на задолженост на Македонија е загрижувачки и дека државата е во должничко ропство.

„Степенот на задолженост на Република Македонија, повторно ја бранува јавноста. Впрочем единствената работа за која има консензус во Собранието, со исклучок на Левица, е континуирано ставање на Републиката во должничко ропство.

Согласно соопштението на Народна Банка, крајот на четвртиот квартал од 2020 година, Македонија забележува неверојатни 8,6 милијарди евра само надворешен долг. Што е уште позастрашувачки – 62 проценти од овој долг е кон приватни институции.

Извештајот на Народна банка, иако промовираше ситно намалување на надворешниот долг, факт е дека целокупниот јавен долг на крај од третиот квартал изнесуваше 6,57 милијарди евра, согласно извештајот кон крајот на четвртиот квартал само надворешниот долг е 8,6 милијарди – што претставува значително зголемување, особено кога ќе се стави во контекст дека изнесува 80,2 отсто од процентот на БДП за 2020 година.

Тоаталното отсутство на економска визија ја сведе СДСМ, која како партија во 2016 година најавуваше кривична одговорност за неодговорни задолжувања, во моментов да ја бутка Македонија во банкрот“, стои во реакцијата од Левица.

Прочитај повеќе