Connect with us

Македонија

Денеска се регистрирани 807 нови случаи на ковид-19, се враќа ли претходната состојба со околу 1000 случаи дневно

Media Press

Published

на

Топлото и сончево време ги раздвижи граѓаните и ги извади надвор од своите домови, но со тоа започна повторно да расте и бројот на новозаболени од корона вирус. Па одтука се поставува и прашањето дали се враќа претходната состојба, со околу 1000 случаи дневно. Расте и бројот на тестирања и бројот на нови случаи.

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 359 -Куманово и Охрид по 38 -Кавадарци, Струмица и Неготино по 36 -Гевгелија 35 -Тетово и Прилеп по 34 -Гостивар 29-Битола 25 -Велес 24 -Крива Паланка 12 -Кочани и Крушево по 11 -Ресен 6 -Струга, Кичево и Валандово по 5 -Пробиштип и Богданци по 4 -Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар по 3 -Делчево и Радовиш по 2 -Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија по 1.

Починати се 5 лица, по 4 пациенти од Скопје (80г,74г,68г,65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 314 оздравени пациенти од:-Скопје 135 -Кавадарци 61 -Прилеп 41 -Неготино 16 -Куманово 12 -Тетово 11 -Велес 7 -Гостивар и Кратово по 5 -Штип и Битола по 4 -Гевгелија 3 -Ресен и Пробиштип по 2 -Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево по 1Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе

Македонија

Милошоски: И овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Media Press

Published

на

„Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јан-јули 2022 година“, напиша Антонио Милошоски на социјалните мрежи.

„Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, додава Милошоски.

Тој информира дека во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност успеал да поразговара со: Седрик Перин (Франција), Ине Сериде (Норвешка), Јан Фарски (Чешка Република), Моника Грегорчич (Словенија), Мими Кодели (Албанија) и Аудронис Азубалис (Литванија), на теми од билатерален интерес, како и за дискусиите во Брисел поврзани со процесот на европските интеграции.

Прочитај повеќе

Македонија

ДЕНЕСКА Е 29 НОЕМВРИ, обичен ден а некогаш голем национален празник

Media Press

Published

на

  Историски, 29 ноември ја означува годишнината од Второто заседание на АВНОЈ, кога во Јајце, 1943 година беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а понатаму во животот се славеше во вистинска свечена атмосфера, со изобилство храна и пијалоци, свечени академии, и се разбира… неработни денови.

По завршувањето на војната, на двегодишнината од заседанието во Јајце, на 29 ноември 1945 година, дотогашната Демократска Федеративна Република Југославија е преименувана во Федеративна Народна Република Југославија. На состанокот во Јајце беше одлучено дека „Југославија ќе се изгради во демократска, федерална заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада во егзил ѝ беше забрането да се врати во земјата.
Оттогаш, 29 ноември се чествуваше како Денот на републиката и тоа беше еден од најголемите празници во некогашната СФРЈ.

Последен пат овој празник е прославен во Србија, во 2001 година, а Сојузното собрание на тогашната СРЈ го укинала со закон во ноември 2002.

Овој ден буди многу сеќавања и носталгични чувства кај многумина што ги живееле тие времиња. Песната „29 Ноември“ нема некој од постарите генерации да не ја рецитирал, а многумина сеуште ја паметат.

„Републико мила топло гнездо мое, го славиме денес раѓањето твое. Вечно да се млада најсреќна во цел свет, Републико мила мајски китен цвет“.

Првачињата на тој ден стануваа Титови пионери. Во училиштата полагаа заклетва со задолжителни приредби и читање состави на темата „Зошто го сакам другарот Тито. Секој пионер добиваше сина капа (титовка), црвена марама и црвена пионерска книшка.

Свечената пионерска заклетва беше:

„Денес, кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор
дека вредно ќе учам и работам
и ќе бидам верен и добар другар.

Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија,
дека ќе ги развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито.
Дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
што сакаат слобода и мир!“

 

Прочитај повеќе